Игор Акинфеев примаше голови буквално на секој меч од 2006та до синоќа кога ја сочува мрежата на гостувањето кај АЕК Атина, во меч во кој ЦСКА славеше 0-2.
Каков беше светот кога репутацијата на одличниот голман на репрезентацијата на Русија не беше замаглена со овој негативен рекорд во ЛШ:
Лионел Меси и Кристијано Роналдо немаа земено ниту една Златна топка а сопственик на највредната награда во тој момент беше Фабио Канаваро
За фудбалери уште не плаќаа 100 милиони евра. Најскап трансфер беше оној на Зинедин Зидан од Јувентус во Реал Мадрид за 75 милиони. Во периодот на оваа неверојатно негативна серија од 11 години со примени голови на Акинфеев, Зидан го одигра и последниот меч во кариерата кога го удри Матераци во финалето на Светското 2006 а Италија стана светски шампион.
Арсенал уште го немаше проклетството на осминафинале во ЛШ. Во тој момент ’Топџиите’ беа финалисти на елитниот турнир.
Конор Мекгрегор уште немаше ниту една официјална борба
Хусеин Болт уште не беше најбрзиот човек на планетата
Интересно, букмејкерите во Русија давале коефицент 2.60 дека Акинфеев нема да прими гол.
Ова е моментот кога Акинфеев последен пат ја сочува мрежата во Лигата на шампионите, во 2006-та Арсенал - ЦСКА Мосвка 0-0.
Сите гревови на Игор Акинфеев тука.