Од десетто место кон прво:
МАРСЕЛО (Реал Мадрид - 13 години, 3 месеци, 23 дена)
Левиот бек ја почна кариерата во Флуминенсе но на 18 години веќе го купи вниманието на европските клубови. Во јануари 2007-ма година премина во Реал за 7 милиони евра а во Мадрид повеќе од успешно го замени својот сонародник Роберто Карлос.
ХАВИ ЛОПЕЗ (Еспањол - 13 години, 9 месеци, 22 дена)
Капитенот на Еспањол ја почнал кариерата во родната Андалузија каде играл за Бетис како мал. Но во 2007-ма година потпишал договор со Еспањол од Барселона и во 2009-та година станал првотимец.
Од 2007-ма е во клубот во кој до сезоната 2010/2011 повеќе играл и за вториот тим, но го прекомандувал Маурисио Почетино.
БРУНО СОРИАНО (Виљареал - 13 години, 9 месеци, 24 дена)
Дете е на Виљареал а дебито за прв тим го имал на 1 октомври 2006-та година. Од тогаш има повеќе од 400 меча за „жолтата подморница“ а јагодка на кариерата му беше повикот за Евро 2016.
СЕМИ БОСУТ (Ѕулте Варегем - 13 години, 9 месеци, 24 дена)
Белгискиот голман Босут дебитирал со сениори во 2003-та година за белгискиот третолигаш Спортинг Вест. После три години преминал во Ѕулте Варегем. Во 2013-та година станал вицешампион на Белгија, а во 2017-та го освоил и Купот на оваа земја.
Ова се најголеми клупски достигнувања во историјата на Ѕулте кој еднаш играл и во Куп на УЕФА. Голманот Босут дебитирал за тимот на гостување кај Њукасл.
За репрезентацијата на Белгија Босут има само еден меч - пријателска против Луксембург (5:1) иако ФИФА не му го сметала овој настап зошто белгискиот селектор наместо тогаш дозволени 6 замени направил 7 пред Светското првенство 2014.
СЕРХИО РАМОС (Реал Мадрид - 14 години, 7 месеци, 24 дена)
Веќе се навикнавме да ги поистоветуваме Рамос и Реал. Некако одат еден со друг во асоцијација. Иако тој во Мадрид дојде веќе како откровение на лигата од Севиља во 2005-та година за 27 милиони евра на само 20 години.
„Се будев како играч на Севиља а заспивав како играч на Реал. И знаеш дека ќе делиш соблекувална со такви луѓе како Раул, Бекам, Зидан, Икер, Роналдо, Роберто Карлос. Сите тие ми беа идоли. Светот ми се претумба од нога на глава“; не можел да верува тогаш 20-годишниот Рамос кој денес има 34 години а уште е играч на Реал.
ЏОРЏО КЈЕЛИНИ (Јувентус - 14 години, 9 месеци, 24 дена)
Првите пет години во кариерата Џорињо ги помина во Ливорно, а во летото 2004-та го купи Јувентус но истовремено продаде 50% од правата на Кјелини на Фиорентина. Во Фиренца Џорџо импресионираше во сезонатра 2004/2005 и Јувентус решил да го купи трајно за 4,3 милиони евра.
После првата сезона во Торино Кјелини испадна со Јувентус во Серија Б поради казна, но тамо стана железен првотимец.
Оваа сезона, како ретко која досега, ја пропутши речиси цела поради повреди. Познато е дека во летото 2021 Кјелини ќе ја завшри кариерата и ќе добие должност во управата на Јуве.
ФРАНЧЕСКО МАЊАНЕЛИ (Сасуоло - 14 години, 9 месеци, 24 дена)
Капитенот на Сасуоло своето гнездо го нашол во 2005-та, после пет години во други клубови. Заедно со Сасуоло Мањанели поминал долг пат: од четврта лига до Серија А. Сега е рекордер по бројот на настапи за Сасуоло (491).
ЛИОНЕЛ МЕСИ (Барселона - 16 години, 3 месеци и 23 дена)
Можеби некој не знае, па да потсетиме дека најголемиот на сите времиња ја почнал кариерата во Њуелз Олд Бојс во својата родна Аргентина.
Во детство Ривер Плејт бил заинтересиран за него, но не можел да си го дозволи скапото лекување на Меси. На малиот му фалел хормон за раст а лекување и набавка на потребни медикаменти чинеле 900 долари месечно.
Кога Лионел имал 13 години еден од акционерите во Барса дознал за него, стапил во контакт со менаџери од Аргентина и пратил двајца скаути кои го наговориле татко му Меси да дојде на проба во клубот.
Така Лео се нашол во Барселона, а после три години во 2003-та дебитираше за првиот тим на пријателска против Порто.
ЛОИК ПЕРЕН (Сент Етјен - 16 години, 9 месеци и 24 дена)
Дете, капитен и легенда на Сент Етјен. Францускиот стопер дебитирал за својот роден клуб во август 2003-та во Лига 2. Од таа сезона Сент Етјен влегол заедно со Перен во Лига 1 и таму останаа уште до денес. За цели 17 години во клубот, Лоик Парен има само еден трофеј - Купот на француската лига во 2013.
ИГОР АКИНФЕЕВ (ЦСКА - 17 години, 3 месеци, 23 дена)
Апсолутен рекордер и најверен, најпредан фудбалер во современиот фудбал. Цела кариера е во ЦСКА Москва. Тој секогаш изјавувал дека никогаш нема да премине во друг руски клуб.
На Акинфеев му фалат уште 5 години за да го урне рекордот на легендарниот Лав Јашин кој настапувал за Динамо Москва цели 22 сезони по ред (од 1950 до 1970).