Советот првично доаѓа од Американецот Џим Хамбл, лидер на прилично излудена религиозна група, познат по напорите да го рашири и популаризира својот „чудотворен“ лек наречен Чудотворен минерален раствор (Miracle Mineral Solution - MMS), за кој како референца дава дека му ја излечил маларијата додека работел во Јужна Америка, а потоа излечил и уште илјадници други луѓе, за кои не постои никаков доказ.
ММС содржи натриум хлорит (не хлорид, туку хлорит; NaCl вс. NaClO2) и киселинска состојка, на пример лимонов сок. Кога двете ќе се измешаат се добива хлор диоксид, познат и како варакина. Докторите што ја имаат испитувано течноста тврдат дека во растворот има 3000 пати повеќе хлор од дозволеното.
Американските здравствени власти до сега имаат издадено бројни предупредувања за штетноста на ММС и дека ниту една студија никогаш ги нема потврдено неговите тврдења, но тоа никогаш до сега не било пречка за луѓе да си наштетат сами на себе.
Освен што видеата во кои Хамбл ја промовира течноста како лек за сè и сешто се лесно достапни на Јутјуб и имаат собрано милиони прегледи, исто така разработени се и бројни приватни Фејсбук групи кои го промовираат користењето на ММС или други форми на натриум хлорит како лек за аутизам. Групите, кои често се преклопуваат со содржини од други исклучиво интернет образувани доктори, содржат и шокантни сведоштва на мајки кои ги ставиле своите аутистични деца на вакви третмани, и добиле ужасни резултати.
Освен двата смртни случаи поврзани со ММС, има и четири случаи со пациенти што биле во животна опасност, а еден пациент завршил со инвалидитет.