Резервниот голман Кирнац брани за младинците на ЦСКА од сезоната 2015/2016. На 20 септември годинава го прекомандувале во првиот тим а првпат бил во составот како резерва на мечот во Купот против Авангард.
Кирнац синоќа против Реал Мадрид на теренот помина рамно 49 секунди од кои 20 му требаше да отиде од средината на теренот до своето работно место. Набрзо судијата свирна крај.
Кирнац на 26 јуни наполнил 20 години. Тој е роден во Москва а со фудбал почнал да се занимава во школата на Спартак. Во 2005 година преминал во ЦСКА, клуб кој таа сезона го освои Купот на УЕФА. Висок е 192 сантиметри а тежок 82 килограми. Сезонава бранел на 7 меча за младинците на ЦСКА. Тој е трет голман но по повредата на вториот резервен голман Илја Поазун, Кирнац станува прва резерва на Акинфеев.
Интересно, Георгиј Кирнац е голем навивач на Реал Мадрид против кого синоќа заигра во финишот од мечот. Пред пет години тој на социјалните мрежи објавувал постови за Раул Гонзалес кога овој замина од Реал.