Акинфеев бранеше зицери за титула на ЦСКА

Фудбалерите на ЦСКА Москва во последното коло ја освоија титулата во Русија, откако со голот на Алан Џагоев победија на гости против Рубин Казан. Во исто време славеше и Ростов 0:2 против Терек, така што на ЦСКА и одговараше само победа. Во последните минути ги спаси легендарниот голман Игор Акинфеев кој одбрани неодбранливо. Динамо Москва првпат во историјата испадна од првата лига после поразот од Зенит 0:3.

Претседателот на ЦСКА Москва, Евгениј Гинер во ВИП ложата делуваше како да „нема крв“.