„Знамето се вееше над домот, а непријателот се појави на небото и почна да кружи над градот“, e само една од паролите на навивачите на Зенит, во чест на жртвите во Ленинград за време на Втората светска војна. 80 годишнината од почетокот на опсадата, која е најтемна страница во историјата на градот, ја одбележаа на мечот од ЛШ против Малме на посебен начин.