Иако има уште 10 дена до историското деби во Лига Европа, обложувалниците полека ги крчкаат понудите за своите играчи.
Обложувалницата „Моцарт“ за победа на Вардар дава висок коефицент 9,50 што значи дека на вложени 100 денари би добиле околу 950 денари.
Нулата е 4,90 а за победа на рускиот состав, квотата е 1.35. Во однос на двојната шанса, „Моцарт“ дава 3,20 за 1Х на Вардар, 1,18 за 12 и 1,06 за Х2. Што се однесува до играта полувреме крај, Вардар да направи нова сензација и да победи со водство на полувреме коефицентот е 40,0 а за „два у два“ коефицентот е 2.80. Двете екипи да дадат гол или играта позната како гол-гол изнесува 2.10, гол-гол со 3+ е 2.45 а да нема гол-гол на мечот коефицентот изнесува 1.65.
Реномираниот Bet365 е нешто поумерен па за победа на Вардар и тип 1 дава коефицент 8,50, за нерешено 4,60 а за двојка 1,36. Двојната шанса и кај нив е: 1Х со квота 3.20 и Х2 со 1,20. Оваа онлајн обложувалница дава помал коефицент и кога се во прашање двојните победи полувреме-крај па така за „кец у кец“ на Вардар коефицентот е 15.00 а за два во два за Зенит е 2.00.
За оние похрабрите и оптимистите Вардар да победи со 1-0 коефицентот е 31.00 што значи на вложени 100 денари би земале 3.100. Bwin, една од најголемите онлајн куќи во светот за победа на Вардар дава коефицент 8.00, за нерешено 4.75 а за Зенит Санкт Петерсбург дава 1.36.