Фудбалерите на Вардар само 16 минути го сочуваа несовладан голот од големиот фаворит на овој дуел, со кој на 14 септември на Филип Втори дебитираа во Лигата на Европа и беа декласирани со 0:5.
Роберто Манчини се реши за неколку измени на овој дуел и им даде шанса на неколку играчи кои имаат помала минутажа. Но и со комбиниран состав Зенит е класа во однос на Вардар со многу поголеми амбиции против кого тешко се освојуваат бодови.
Првиот гол на Русите падна од школска акција преку Полоз кој го искористи големиот простор во одбраната на Вардар и го отвори резултатот по одличното додавање на Дзјуба.
По само 11 минути игра се надзираше дуплирање на водството на Зенит откако Новак го собори Дзјуба во шеснаесетникот, а судијата не се двоумеше и досуди пенал. Но Гачевски го прочита изведувачот на ударот од белата точка врз кој беше направен фаулот.
Во 43-та минута од средбата Зенит зголеми на 2:0 преку ремек делото на Емилија Ригони кој со неодбранлив удар го матираше Гачевски.
Вардар притисна во второто полувреме и ја користеше секоја прилика од далеку да го изненади Зенит. Најзрелата шанса ја имаше Џигаури кој шутираше прецизно во горниот лев агол, но Лодигин успеа да го одбрани ударот.
Натпреварот заврши со голчиште на Дејан Блажевски кој влезе во 78-та минута и со волеј удар од корнер во 93-та минута ги постави конечните 2:1.