Мечот Зенит - Вардар ќе го пренесуваат 66 земји во светот

Фудбалерите на македонскиот првак вечерва од 19 ќе се обидат да го освојат првиот бод во Лига Европа и тоа на тешкиот фронт против Зенит Санкт Петербург. Дуелот во земјава ќе го пренесува МРТ на првиот канал, а во Русија МачТВ и тоа со различни термини во зависност од временската зона во Русија.

Вардарци вечерва ќе истрчаат во белата варијанта дресови а Зенит во стандардната домашна азурна боја на опрема.

23 ноември 2017 - 15:11