Роберто Манчини пред хотелот Александар Палас беше пречекан од македонските навивачи на Лацио кои се членови на Lazio fans Macedonia.
Го изненадија со знаме и благодарница во која му се заблагодаруваат за сите освоени трофеи и како играч и како тренер на римскиот клуб.
Манчини е дел од легендарниот состав на Лацио кој во 2000-та година го освои Скудетото и го носеше нивниот дрес три сезони. Покрај титулата освои два пати Куп на Италија, потоа Супер Куп на Италија, Супер Куп на Европа и Куп на купови на победници.
Славната италијанска 10-ка тренерската кариера ја почна во Фиорентина во 2001-ва, истата година кога се пензионираше како играч во Лестер, а следната стана тренер на Лацио и во сезоната 2003/2004 го освои италијанскиот Куп.
Неговиот најубав гол во дресот на Лацио