Овие бугарски злосторници, по една година и ја добиваат заслужената казна. Имено во с. Страмашево на 13 јули 1944 година дошло до судир со два батаљона на Втората македонска ударна бригада. 40тина Бугарски војници биле убиени, а другите се дале во бегство.
Полковникот Љубен Апостолов на 3 ноември 1944 година бил откриен од македонските емигранти во Софија и го привеле во штабот на македонската народноослободителна бригада “Гоце Делчев“. Од Софија е екстрадиран во Кавадарци. По две години Народниот суд во НР Македонија ги осудил на смрт главните раководители и учесници во оваа акција: полковник Љубен Апостолов, капетан Борис Жеглов, поручник Костов и подофицер Петко Опреков. Пред тоа сите тие се предадени од новата влада на Бугарија на југословенските власти за судење како фашисти. Апостолов, кој бил командант на војската и ја издал наредбата за стрелање, тврдел дека не е виновен за ваташкиот масакр. Тој бил суден за повеќе злодела и сите ги признал, но за ваташкиот масакр кажал дека добил листа со имиња, а на неа стоело дека младинците се партизани уапсени во шумата, а не собрани од нивните куќи. Раскажал и за улогата во настанот на четворица ваташанци-предавници, тројца мажи и една жена. Ова злодело извршено од бугарските фашисти, останува срамен белег кој вечно ќе биде поврзан со шестиот роденден на бугарскиот престолонаследник Симеон II.
Истата судбина ги снашла и полицискиот инспектор Димитар Раев и агентот учесник во овие настани, Борис Жуглов. Двајцата се осудени на смрт во Скопје и стрелани.
"Младинците се изрешетани од куршуми од митралези, па потоа се избодени со бајонети. На некои им се исечени рацете и извадени очите и притоа сите биле ограбени“. (Википедија)