Да, „Целокупна Блгарија“ им има објавено војна на Штатите во декември 1941 година. Рузвелт конта дека тоа мора да е направено под притисок на нацистичка Германија.
(пошто, нели, Каракачанов тврди дека неговата држава не подлегнува на притисоци).
Имате сè тоа на сајтот на американската амбасада во Бугарија.
Таа работа оди кон тоа, по три и пол години војување, сојузниците и Бугарија да потпишат примирје - под еден услов: Бугарија да не ѝ се приклучи на Титова Југославија (оваа за која сега зборат дека не измислила). Тоа било само примирје, односно прекин на огнот. Не дека Бугарија можела да стигне до Москва, туку за Москва да не стигне до Бугарија... Иако знаеме дека стигнала.
Како што е познато, конечниот мировен договор е потпишан во 1947 година, од страна на сите земји-победнички (од една страна) и Бугарија, како сојузник на Хитлерова Германија (од друга страна).
* еве линк
Како и обично, во деталите лежи ѓаволот (бугарски: дявол). Имено, на победничката страна потписник е и Југославија - а со тоа и Народна Република Македонија, која е дел од југословенската федерација, и на чија територија најмногу биле присутни бугарските окупациони сили.
Обрнете внимание на член 4 кој се однесува на расформирање на фашистичките организации во Бугарија - за кои денес се колнат дека ги немало, пошто нели не биле фашистичка земја?
Обрнете внимание и на член 21 кој се однесува на репарации кон земјите чии територии Бугарија во војната ги о-ку-пи-ра-ла.
Окупирала? Окупирала.
Кој вика така?
Они самите, во договор што го потпишале.
Е сега, шефот на овдешната дипломатија, демек питомо и „компромисно“, неодамна побара од членовите на македонската комисија, ако можело, да ги ублажeле формулациите кои се однесуваат на Втората светска војна.
Зошто ние би ублажувале нешто што самите тие го имаат потпишано? Најглупи сме?
Дечки, нас не ни е тешко да се фајтаме со бугарскиот шовинизам, ама не нè заебавајте со отворање домашни фронтови. Така што, момче бујарче, глеј си тоа патецот.