Бане, што му направи на пехарот?

За време на церемонијата доделување пехар на фудбалерите на Зенит кои го освоија Купот на Русија и со тоа двојната круна во оваа земја, капитенот Бранислав Бане Ивановиќ го скрши пехарот откако му падна на земја.

Зенит го освои Купот на Русија откако со 1:0 го победи Химки во финалето. Стрелецот на голот од пенал беше најдобриот играч на клубот напаѓачот Артем Џјуба. Ова е 4 пехар за Зенит во Купот по оние во 1999, 2010 и 2016.