Како факс му го зезнал трансферот на Словенец во Италија

Миха Мевља е словенечки висок, крупен, снажен стопер кој од Зенит требаше да премине во италијанскиот прволигаш Емполи и да почне да гради кариера на Апенините. Но трансферот му пропаднал поради факс.

Италијанската федерација не дала дозвола за негова регистрација затоа што поради технички проблеми, факсот со потпишаниот договор го добиле две минути по завршувањето на преодниот рок во Европа. Д-в-е минути му го заебале преубавиот трансфер во Серија А.

„Едно од засилувањата требаше да биде Мевља, но трансферот електронски не бил регистриран на време. Не знам дали може да ја измениме ситуацијава, но клубот работи на случајо“, рекол тренерот на клубот кој се бори за опстанок, Џузепе Јакини.

ФИФА се огласила дека трансферот е регистриран, но факсот поминал 2 минути после дедлајнот - а правила се правила. Емполи направил сè како што треба, дури и претставувањето на Словенецот било спремно.

Миха не го дочекал решението на италијанската фудбалска федерација и заминал во Италија без оглед што трансферот не бил потврден. Стигнал дури и да тренира со екипата.

Во исто време рускиот клуб Ростов пројавил интерес за словенечкиот репрезентативец. Мевља го сметале како замена за Сверир Ингасон кој отиде во ПАОК. На крај, договорот со Емполи бил раскинат а Зенит го позајмил Мевља во прволигашот Ростов.

СЛИЧНИ ТРАНСФЕР ПРОВАЛИ ПОРАДИ ФАКС

Де Хеа на 31 август 2015 година беше готов да отиде во Реал Мадрид. Шпанците понудиле 22 милиони фунти, Јунајтед барал 32,6 милиони фунти (рекорден трансфер - толку Јувентус плати за Буфон на времето).

Иако договорот на Де Хеа му завршуваше на крајот од таа година, тој не сакал да го продолжи и Манчестер решил да го продаде.

Двата клуба се договориле, трансферот бил неизбежен но брзо станало јасно дека Реал не ги пратил на време сите документи во канцеларијата на Професионалната шпанска лига (LFP). Преодниот рок завршил на 1 септември во 00.00 часот.

Шпанските медиуми пишуваа дека документите дошле во 00.01 и дека Реал доцна ги пратил.