Аталанта го совлада Емполи со 3:2 и ја задржа челната позиција и во 17. коло. Лиам Хендерсон од Шкотска кој е член на гостинскиот тим, се надмина себе си во обидот да изнуди прекршок, па уште глумеше и мускул дека истегнал. Гасперини за глава се држеше. Торко од невидени размери.
Тимот на Лучано Спалети три кола е без победа во Серија А. По ремито со Сасуоло и поразот дома од Аталанта, повторно загубија пред своите навивачи, овој пат со глупоштија од гол. Камерунецот Андре Франк Замбо Ангиса ја исфрли топката со глава, ама многу несреќно го погоди Кутроне во глава и топката влезе во гол. 85 минути за Елмас кој излезе поради повреда.
Не станува збор за славната Дилета Леота, туку за нејзината колешка Грета Бекаља која известуваше од мечот Емполи - Фиорентина. Се најде во друштво на најгневните гостински навивачи од поразот.
Од можни 33 бода, Јувентус до сега успеа да освои само 15, нешто незапаметено, барем во ерата на Андреа Ањели кој врза 9 Скудета во низа. Загубија од Сасуоло и Верона, а претходно од Наполи и како капак на твитов и од Емполи.
Серија А го имаше голот на Мунтари против Јуве кој судиите решија да не биде гол и покрај тоа што Буфон цела топка ја фати внатре. Ама ова во Серија Б е бетер, може да замислите?
Тахикардија е симптом кој претставува покачување на бројот на чукања на срцето (срцева фреквенција) над физиолошките граници. Синоќа на мечот Интер - Емполи тој симптон го имаа сите од прва до 99-та минута, а да не зборуваме за последните 15 минути.
Заврши сезоната и во италијанскиот фудбал. На Јувентус и Наполи во Лига на шампиони ќе им се придружат Интер и Аталанта, а од лигата испаѓа Емполи кој има исто бодови, но послаба гол разлика од Џенова на Пандев.
Емполи грчевито се бори за опстанок во Серија А, а во понеделникот вечер голманот Бартломеј Дронговски им донесе драгоцен бод против Аталанта (0:0) на гости. Тимот од Бергамо имаше 32 шута од кои дури 18 во рамки на голот на Емполи!
Миха Мевља е словенечки висок, крупен, снажен стопер кој од Зенит требаше да премине во италијанскиот прволигаш Емполи и да почне да гради кариера на Апенините. Но трансферот му пропаднал поради факс.
По ремито со Џенова на домашен терен, Јувентус минатиот викенд одигра тежок меч против Емполи на гости и славеше едвај по пресврт, со два гола на Роналдо. Во триумфот не им олеснија многу сопствените навивачи кои до 70’ минута не навиваа, револтирани од цените кои домаќинот им ги лупнал.
Момците на Џенаро Гатузо никако да фатат ритам на стартот од новата сезона и за сега имаат само една победа на пет средби. Една од најјаките карики во тимот, Шпанецот Сусо имаше победнички удар за 3 бода на 3 минути до крај, но Пјетро Тарачино му рече не.
Кога во Италија повеќе го ценеле неговиот фудбал отколку во родниот Уругвај, тогашниот селектор Антонио Конте го убедувал да заигра за „Аѕурите“ но Весино останал верен на својата земја и чекал повик од татковината.
Тешко беше викендов да си навивач на Лацио или Емполи, меч кој во финишот понуди класична стресна ситуација на двете страни. Лацио го доби гостувањето со 0:1, но во последите секунди од мечот можеше многу лесно да биде 1:1. Дали се свесни домаќините што промашија? Или што успеа да одбрани Стракоша?
„Го знам јас него, уште од првиот ден кога дојде овде заедно работиме. Тој нема да отстапи од животниот сон да стане професионален фудбалски тренер“, рекол колега на Маурицио од банкарските денови. И погодил.
Уште на 22 години мораше одбере меѓу две работи. Дали ќе брани за честа на клубот и навивачите или ќе му попушти на клубот за кој навива и кој се бори за опстанок. Колегата на Илија Несторовски ги опиша чувствата за најнеблагодарната ситуација во која се најде.