Неутрален гледач на тв да си па ќе те возбуди ваков натпревар, а камо ли да си навивач на едните или на другите. За Интер и Емполи последното коло од Серија А беше натпревар на сезоната. За првите тоа беше меч за ЛШ, за вторите опстанок.
Интер влезе со климава форма од само една победа на последните пет средби, а Емполи беше мотивиран бидејќи во Милано допатува со 3 од 3, остварени против Фиорентина, Сампдорија и Торино.
Она што мора на прва да се истакне се лудите одбрани на двајцата голмани кои го одлучија мечот. Прво се здиве 21 годишниот Бартоломеј Драговски кој спаси чисти голови, а потоа Самир Хандановиќ во судиското продолжение кој инаку е прогласен на голман на сезоната во Серија А.
50 минути беше мирољубиво, односно резултат со кој Интер ќе одеше во ЛЕ, а Емполи ќе останеше во лига, но Кеита го отвори резултатот вреден ЛШ.
Вистинската драма почна на 15 минути до крај кога Емполи израмни, резултатот на кој се радуваше и Милан.
Интер во ЛШ го врати Наинголан по само 5 минути
Во 89-та минута пред голот на Хандановиќ беше хорор за навивачите на Интер
По само 2 минути иста песна и нова шанса со која Емполи ќе останеше прволигаш, а во ЛШ ќе одеше Милан.
Малку беа сите драми па уште во 94-та Интер даде гол кој судијата го поништи со ВАР, бидејќи Кеита направи намерен фаул врз голманот.
Инаку ова не сè. Икарди на 1:0 утна пенал.
🧤 | He's the best goalkeeper in the league. And he's OURS!
— Inter (@Inter_en) May 26, 2019
Samir #Handanovic, you HERO ⚫️🔵#InterEmpoli pic.twitter.com/sXvAhhtnth