Мисли локално, делувај уште полокално

Луѓето од едно мало данско место се согласиле дека најголем проблем им е што не се раѓаат деца. Притоа дошле до заклучок дека најдобар начин да го решат овој проблем е да прават деца. 

Тистед има околу 13.000 жители и една од најниските стапки на новороденчиња во Данска која и на национално ниво има сериозни проблеми со ова прашање.

Локалните власти ги соочиле луѓето со фактот дека добар дел од круцијалните градски сервиси, првенствено градинки и училишта, многу бргу ќе бидат затворени доколку нешто не се смени со нивната сегашна неискористеност.

Како што пренесуваат медиуми, луѓето од Тистед ја сфатиле логиката и се согласиле дека треба да поработат на овој проблем.

А сексот во Тистед не би требало да биде опција која лесно се заборава со оглед на тоа што во местото нема баш многу што да се прави. На  TripAdvisor како главна туристичка атракција во регионот важи една пилана а местото е толку во лер што пред некоја година полицаец случајно во блиската шума открил човек кој три години живеел таму сам без никој да го забележи.

Пред извесно време, во Данска имаше шармантни обиди да се охрабрат граѓаните да се размножуваат.

Инаку, репродуктивните прашања не се нова мака за граѓаните на Тистед со оглед на тоа што грбот на градот кој датира од 1984-та година изгледа вака.

Инаку, близок до македонскиот сенс за билдање многудетност е Сингапур кој своевремено со помош на јавно-приватно партнерство (брендот Ментос) ја понуди оваа ступидна рап химна:

За истата намена, во Јужна Кореја секоја трета среда во месецот се гасат светла, Русија има наградна игра, во Јапонија се надеваат дека родителските нагони ќе ги разбуди едно бебе робот а  Романија пробува даночно да им го загорчи животот на оние кои не се расплодуваат.

 

 

19 јануари 2015 - 09:48