Земјата порано позната како поранешна југословенска република Македонија

Источна Албанија Јужна Србија Западна Бугарија Македонија, како што може да се заклучи од нејзиното знаме, е дел од империјална Јапонија. Нејзините жители можете да ги нарекувате источни Албанци, јужни Срби, западни Бугари, Скопјани или Вардарци, во зависност од тоа дали сакате да попиете бокс од нив.

* По распаѓањето на Југославија, Грци/Пеонци, Дардани - па Македонци венчани со Склавини - па Бугари - па Срби- па Бугари- па пак Срби - па Албанци под италијанска управа - па Македонци - па Југословени - па Македонци, решаваат да го поедностават својот идентитет и да се наречат кратко Македoнци. Ова не поминува без меѓународна контроверза.

* Полното име на државатa денеска е TCFKATFYROM (The Country Formerly Known as the Former Yugoslav Republic of Macedonia), усвоено по пропаста на самогласките во Југославија.

*Интернетот е измислен во Македонија, од Македонците и за Македонците. Исто така и безжичната технологија, бидејќи архолошките ископувања покажале дека под земјата нема никакви кабли.

Центарот на Скопје, полн со активности

* Грија до ОН неодамна поднесе петиција земјата да не се признава со никое име кое ќе го содржи зборот Македонија и дека целата пошта адресирана до Македонија треба да се испорача во Грција. Се бара и на граѓаните на TCFKATFYROM да не им се давваат визи, меѓународни телефонски повици и кислород сè додека не се декларираат како "Некој вид Словени кои немаат никаква врска со Македонија." TCFKATFYROM возврати со планови да го преименува Скопје во "Alexander The Great City".

* Мнозинството луѓе се декларираат како Македонци, но за тоа најдобро е да ги прашате нивните соседи.За Албанците, Македонците уште не разбрале дека пола земја им е дел од Голема Албанија, за Србите, Македонците уште е разбрале дека се јужни Срби, за Бугарите, Македонците уште не разбрале дека се Бугари а според Грците, таму не постои ништо.

Типични жители на Македонија: Двајца Албанци и полицаец

* Горан Пандев е еден од вкупно двајцата познати луѓе од Македонија. Сега е единствен жив и ќе остане така сè додека ѝ плаќа на Мафијата. Но, запамтете, не постои такво нешто како Мафија. Другиот познат беше поп ѕвездата и рaкетен инжeнер Тоше Проески, за чија смрт постојат две верзии....

---------------
* Извадоци за Македонија од Нециклопедија. Предупредување: ако сфаќате пресериозно, може да боли.

8 јули 2014 - 12:57