Иако 37 годишниот човек, именуван како "Mister A" престанал да зема MDMA пред неколку години, сè уште страда од сериозни физички и ментални нуспојави: екстремно слаба меморија, халуцинации, параноја и депресија. Чувствувал и грчење на мускулите на вратот поради што неретко не може ни уста да отвори.
Почнал на 21 годишна возраст, стандардно "викендашки". Првите две години просечно земал по 5 таблети за време на викенд а потоа ја зголемил дозата на 3-4 голтања дневно.
"Златната епоха" му траела цели две години во текот на кои кркал по 25 екстазија дневно!
По неколку сериозни колабирања на забави, решил да престане но неколку месеци потоа се уште се чувствувале ефектите на супстанцата во која бил натопен.
Иако снимките на неговиот мозок не покажуваат структурни пореметувања, докторите страхуваат дека дел од неговите проблеми, особено со помнењето, ќе останат трајни.
Неговите 40.000 таблети се убедливо најекстремниот случај на дозирање бидејќи претходниот познат 'рекордер' бил на цифра од 2.000 таблети тотал.
ЕФЕКТИТЕ НА ЕКСТАЗИ
MDMA е најсериозно истражуваната дрога во историјата. Сепак, наспроти илјадниците истражувања и студии, научната евиденција за нејзините ефекти остануваат дискутабилни.
* овердозирање
Без сомнеање, прекумерната доза екстази доведува до прегревање на организмот што може да повлече фатален топлотен удар.
* овердозирање со вода
Кога ќе ги фати паника дека овердозирале, корисниците претерано се запиваат вода и провоцираат труење со вода. Извесна Леа Бетс умрела откако испила 9 литри вода за еден час.
* труење
Не постојат стабилни заклучоци по ова прашање. Не постои јасна евиденција за евентуални алергиски реакции на екстази. Но, се проценува дека околу 10 проценти од уживателите го немаат клучниот ензим од црниот дроб (CYP2D6) кој е потребен за разградување на MDMA. Тоа нив ги прави почувствителни на нуспојавите и на случајните предозирања.
* депресија
Викендашите ги фаќа обично околу средината на седмицата. Има некаква врска со серотонинот ама не е баш најјасно како. 2-3 месечна апстиненција врши работа.
* позитивни ефекти
Корисниците се колнат дека почувствувале "долгорочни подобрувања во поглед на самодовербата, самосвеста и отвореноста кон околината."