Sex.com е регистриран во 1994-та година од Гери Кремен, досетлив претприемач кој на интернет зафаќа неколку интересни генерички поими како match.com, jobs.com, housing.com....
Го држи sex.com сè додека еден ден не добие нотификација дека му е сменет меилот од регистрацијата. Помислил дека е некоја банална грешка но брзо увидел дека сите податоци за сопственикот се променети. Врти телефон и за првпат за запознава човекот кој ќе му биде доживотен непријател, Стивен Коен.
- Што правиш ти со мојот домеин?
- Тоа е сега мој домеин, му враќа овој и го гони у три лепе.
Коен е преварант, цел живот се занимава со дубари и до ден денес не е најјасно како успеал да ги смени податоците. Наводно, имал сексуална врска со вработена во компанијата што издавала домеини и некако ја натерал да ја смени меил адресата а потоа и сè останато.
Кремен започнува судска голгота која ќе трае цели 5 години а во меѓувреме Коен збира по половина милион долари од домеинот кој го украл. Дневно!
Пет години подоцна, Кремен сепак го добива судскиот спор благодарејќи на првата судска одлука од таков вид, домеините се сопственост која може да биде украдена.
Коен се задолжува веднаш да му исплати 64 милиони долари отштета, но со то само започнува второто полувреме од оваа сага. Коен бега во Тихуана за да избегне плаќање. Кремен го наоѓа и цел град го лепи со потерници по него, што предизвикува мала војна меѓу полицијата и индивидуалните ловци на глави.
На крајот, Коен бива екстрадиран од Мексико и вратен во САД каде седи во затвор 6 месеци, сè додека судијата не се откажал дека може да го натера да го плати долгот. Единствената работа која Кремен успева да му ја земе е еден негов имот, ама овој му го пали пред да го напушти.
Цели 10 години Коен бега по светот одбивајќи да плати а Кремен го прати по светот.
Што се случува со Sex.com денес? Во 2006-та Кремен го понудил за 13 милиони долари. Досега има сменето неколку сопственици а во моментов функционира како Пинтерест сервис на кој корисници може да закачуваат секси фотки и видеа. Заради своите генеричко име сè уште заработува добро од сообраќајот но ни приближно како во неговите златни години.
Го раководи компанија од Монтреал со 20-тина вработени има околу 1,8 милиони посети дневно.