Козенца имаше водство против Емполи од 1:0 уште од 12-та минута, а судиите на мечот повеќе од очигледно решија тој резултат да го истуркаат како конечен. Друг заклучок и не може да се донесе од оваа бесрамна и апсурдна судиска одлука, освен ако нема некоја вистина во насловот.
Криминалот се случи во 83-та минута кога гостите постигнаа еврогол преку 18 годишниот Самуеле Ричи кој прво легна еден играч на земја, а потоа ја закова со страшен шут кој удри во пречка, влезе во гол, а потоа топката излезе надвор.
— Empoli Fc Official (@EmpoliCalcio) December 26, 2019
Но на толку судии како успеа ниту еден да не реагира стварно не е јасно. За ова треба да има дебела суспензија и за главниот судија и за помошниците. За што земаат пари?
Е сега проблем плус е што во втората италијанска лига нема гол – технологија, инаку ситуацијава ќе беше решено во секунда.
Ова е толку скандалозно што треба резултатот да го поништат, а кладилниците да им исплаќаат на тие што ја играле гол – гол. Па стварно.