Таг: поништен гол

До толку беше глуп и аматерски автоголов, што и судијата не го призна

Ако земеме да вадиме од архива што сè сме објавувале на тема романски фудбал, кој знае кај ќе ни биде крајот. Посебни се за бисери, а на последниот, голманот беше многу јак со потегот, а судијата уште појак од него.

Кој ајван не го призна овој гол во ЛЕ?

Се сеќавате на неправдата на Англичаните против Германија на СП 2010 кога на Лампард не му признаа чист гол така? Епа еве реприза од синоќа со тоа што сега на толку технологии нејасно е како може овој гол никој да не го види?

За голов да не го признаеш треба или да си ќор или ненормален

Серија А го имаше голот на Мунтари против Јуве кој судиите решија да не биде гол и покрај тоа што Буфон цела топка ја фати внатре. Ама ова во Серија Б е бетер, може да замислите?

Скандалозна судиска одлука на штета на Барселона

На дербито на колото во Ла Лига меѓу лидерот Барселона и второпласираната Валенсија во првиот дел немаше голови. Главен виновник за тоа е судијата кој му поништи чист гол како солза на Меси. Во Шпанија нема ВАР, а ова е срамота да не го види ниту еден од судиите.

Двата најубави поништени гола во историјата

Едниот го дал Кевин Киген во 1981 година како играч на Саутемптон против Манчестер Јунајтед кога линискиот судија сметал дека Дејвид Армстронг претходно бил во офсајд. Вториот го даде Уругваецот Кавани на пријателската Барселона - Наполи при резултат 0-0 кога наводно Хамшик беше во офсајд. Кој од кој поубав.

Судија за на очно

Сите Типстери кои го играле на голови мечот меѓу Бурнемут и Манчестер Сити, кликнале 3+, а мечот заврши 0:2, но тоа е помалку важно во случајов. Она што е загрижувачки се ваквите ужасно лоши проценки на судиите. Кога се сантиметри во прашање да им простиш, ама ова е веќе премногу.

Зошто на Барса ѝ беше украден гол против Бетис

Тоа што шпанските фудбалски власти уште ја игнорираат гол-технолијата само ја отежнува работата на судиите кои во некои ситуции при очи се прават слепи. Реакциите за поништениот гол на Каталонците на гостувањето против Бетис не застануваат, па некои почнаа да удираат и на хумор.

Судија лаже, камера не лаже

Аматерска лига во Англија со камера поставена на место каде може да заврши многу прецизна работа од судијата, кој го поништи овој лоб удар од пола терен.

Да ти е жал да ги поништиш головиве

Колку пати ви се случило некој еврогол да ве стане од фотељата, а потоа да кревате раце и да го пцуете судијата што го поништил поради офсајд? Еве ги најубавите голови поништени од разни причини.

Епски поништени голови

Карим Бензема синоќа против Елче покажа дека знае да игра добро и со ножички, но судијата го имаше најнезгодниот момент за проценка кога сантиметри се во прашање дали е офсајд или не, па ја донесе погрешната одлука. Судиите немаат признато многу ремек дела.