Случката која мора да се одбележи е во прва лига на мечот меѓу Аргеш Питешти и Миовени, екипи кои веројатно не ви значат ништо, бидејќи од европски натпреварувања најпознати ни се Клуж и Динамо Букурешт.
Циркузот на дуелот се случува по само 15 минути игра кога гостите си даваат автогол на кој кривец е голманот. Прави потег кој не проаѓа ниту во маало.
Настанува мала мешаница, објаснувања, држење за глава бидејќи голот не е признат. Кој знае зошто и со кое образложение на судијата, кога тука нема простор за поништување.
Погледнете го нивото на романскиот фудбал.
Е сега има уште материјал за смеење и чудење. Како што може да забележите, поништениот автогол во 15-та минута се случува при резултат 1:0 за домаќините.
Како и кога падна првиот погодок, инаку единствен за Аргеш со кој освојува 3 бода?
Со автогол во 5 минута.
Судијата изгледа сакал да ги поштеди од втор срам или ја па ја чекал на тикет 0-1 гол.