Таг: романски фудбал

Романски изум за слободен удар

Михајловиќ се превртува во гроб.

Најлудата романска сцена на фудбал при давање изјава

Секогаш кога ќе помислиме дека сè сме виделе и сè сме објавиле од таму, ќе ни стигне јак и оправдан демант. Па уште репортерот и микрофонот му го намести пред лице.

Главата на Зидан уште е во мода, а ја доби Стефан Ашковски

16 години поминаа од најнеславниот потег во кариерата на Зидан кој го направи во дуел со Матераци во финалето на СП 2006. Го повторија Романците во полуфиналето меѓу Крајова и Сепси од Купот, а жртва е македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски. Заслужен црвен картон за Никушор Банку кој пред да замине во соблекувална го погоди со топка во глава.

Романски обид за стопирање на војната

Фудбалот во Романија е бурлески во секој ранг и бисерите не може да им се добројат. Најновиот е на клубот Политехника кои се обидоа да испратат порака, ама нешто не им успеа, освен ако не ја читате во обратен редослед.

До толку беше глуп и аматерски автоголов, што и судијата не го призна

Ако земеме да вадиме од архива што сè сме објавувале на тема романски фудбал, кој знае кај ќе ни биде крајот. Посебни се за бисери, а на последниот, голманот беше многу јак со потегот, а судијата уште појак од него.

Мизерија во женскиот фудбал во Романија од епски размери

Без разлика што се работи за трета лига, ова треба да е најлошиот фудбалски терен во историјата кој некогаш се појавил на интернет. Кога веќе има судии, главното прашање е зошто воопшто почнале да играат? Па диви свињи не би стапнале овде.

Чудна и сомнителна реакција на дефанзивец во Романија на сама гол линија

После сè што се изнагледавме во романскиот фудбал, веќе и не треба ништо да не чуди. Оваа ненамерна или намерна утка се случува на Куп натпревар меѓу второлигашите Глорија Бузау и Донареа кој заврши или морал да заврши 3:0.

Само во Романија го има ова

И славната фејсбук страница „Селски фудбал“ сигурно ќе се изненади што случкава не се случува во селска лига. Не другари, ова е во првата романска лига и тоа во таборот на второпласираниот Клуж. Синоќа славеа на гости против Академика, ама си заборавија еден играч по име Овидиу Хобан.

Судиски клизач на колото во Романија

Каталин Сорин Попа е романски судија  кој стана хит на интернет поради клизачот кој го имаше во 68' минута од мечот УТА Арад - Динамо Букурешт (0-1).

Романска работа

Кај ти проаѓа во Романија мерка со празни трибини, па не знам редење картонски фаци на навивачи или вклучување на зум. Има да измислат тие нешто што ќе го има само кај нив.

Темната страна на судијата кој со еден збор направи хаос во Лига на шампиони

Себастијан Колцеску, романскиот судија кој на „Парк на принцовите“ во Париз стана најголем негативец на колото во Лига на шампиони, имал чудно минато.

Има пенал во фудбал и пенал во романски фудбал

Не е дека во Романија нема супер квалитетни млади таленти, не дека во романскиот фудбал нема интересни странци кои го креваат квалитетот на повисоко ниво, ама пак нешто кај нив не е во ред. Денес на мечот од втора романска лига меѓу Петролул Плоешти и Универзитатеа Крајова се свирна најсмешниот пенал сезонава таму.

Најсмешниот автогол на сезоната, стрелец Црепуља

Поприлично во склад со своето презиме, Љубан Црепуља кој игра за Астра Ѓурѓу во Романија, на мечот против ЦФР Клуж (0:2) си даде автогол каков што сериозно ретко се гледа.

Во Романија после 20 секунди прават измени и користат дупка во правилата

Романскиот клупски фудбал важи за еден од најзабавните во Европа, поради тоа што редовно има некои циркузи. Како на пример она со правилото за задолжителен млад играч на теренот од стартот.

Најглупиот и најсмешниот гол на сезоната во Романија

Академика Клинчени е на добар пат да остане во романската прва лига зошто во плејаутот игра добро. Синоќа освои 3 бода против првиот следбеник Волунтари, ама за она што го направија Евџениу Чеботуару и неговите соиграчи, нема коментар. Поглуп слободен удар немало долго време. А мора а го видите и вториот гол на мечот.

Млад романски голман е хит на колото

Рапид Букурешт игра во втората романска лига. Еден од најпопуларните клубови во оваа земја, во 2016-та година банкротираше и тешко се опоравува.

Тренер на романскиот шампион направи измена во 25-та секунда од мечот

Некогашниот член на славната генерација романски фудбалери Дан Петреску е тренер на Клуж, првопласираната екипа во романското првенсто. Синоќа на мечот против Газ Метан Медијашу, Петреску го навлече гневот на целата јавност.

Беше еднаш еден Хаџи

Георге Хаџи, Романецот кој ја имаше една од најдобрите фудбалски левици во историјата на фудбалот. Се прослави во Барселона и репрезентацијата на Романија на Светското првенство 1994-та во САД. Денес е сопственик и тренер на романскиот прволигаш Виторул Констанца а во неговиот син Јанис доби прав наследник на теренот.

Трол на месецот во Романија

Политехника Јаши синоќа дома го пречека лидерот во романската лига и учесник во Лига Европа, Клуж. Итрите домаќини решиле да им дадат дресови од Селтик на сите деца задолжени за фаќање на топките крај теренот, со цел да ги нервираат играчите на Клуж кои неодамна изгубија од шкотскиот шампион во групна фаза од Лига Европа (иако чудесно го елиминираа Селтик во квалификациите за ЛШ летово, па пак се најдоа во ЛЕ).

Тренерот на Динамо Букурешт доживеал срцев напад, па го прекинуваа мечот

Дуелот меѓу Динамо Букурешт и Универзитатеа Крајова во романската лига, на подолго време беше во прекин откако Еуџен Неагое, домашниот тренер се пожалил на помошниците дека не му е добро, па со возило на Брзата помош бил префрлен во болница. Мечот подоцна продолжи, а Динамо изгуби 0-2. Според последни информации Неагое е добар и е надвор од животна опасност.

Како работи Академијата на Георге Хаџи која со свои деца стана шампион на Романија

Најголемиот бисер на романскиот фудбал, Јанис Хаџи, кој блесна на младинското Евро У-21 беше мета на најголемите европски клубови, но се реши да потпише со белгиски Генк. Претставник е на академијата на легендарниот Георге кој му е татко.

Колешке судијка, ќе се омажиш ли за мене?

Романија 4. лига. Пред натпреварот меѓу клубовите АЦС ЦАО 1910 и ЦС Диосиг, помошниот судија ја фати во офсајд колешката судијка од другата страна.

Не бе ова Романциве се од друга планета

Сè што не може човек да замисли дека може да се случи во една односно две акции во 30 секунди, може да се видат единствено во романскиот фудбал, во случајов во втора лига. Посебни се Романциве.

Романска мотивација на денот

Романскиот клуб Поли Јаш се наоѓа во зоната за разигрување за опстанок во првата лига. Бодови им требаат како лек, па затоа на тренинг им дошла група „молдавски разбојници“ да ги поддржат пред мечот во сабота со лидерот ЦФР Клуж. Клубот е од реонот Молдавија.