Рапид во неделата играше против Петролул во плејофот на романската втора лига за пласман во првата. На гостински терен Рапид од 28 минута играше со играч помалку откако Лазар добил втор жолт и црвен картон.
Во 65' минута Петролул добива пенал.
Топката ја мести Сергиу Арнауту но 19-годишниот голман на Рапид Михај Попа лесно му го брани ударот. Но Попа излегол пред време од гол линијата, па судијата го поништил пеналот и досудил да се изведе одново. Голманот збеснал и поради протест добил жолт картон.
Судијата е во право зошто овој излегува 1 - 1,5 метри пред линијата:
Нов изведувач бил Лоренцо Маринеску но и тој не успеал да го совлада противничкиот неискусен голман Попа. Ама пак иста сцена - судијата се советувал со линискиот судија кој сугерирал дека голманот предвреме излегол од линијата и досудил трет пенал.
Ова го разгневило 19-годишниот Михај кој бурно реагирал па добил црвен картон.
На терен согласно правилата влегол резервниот голман на Рапид и пазете: третиот пенал фудбалерот на Петролул го шутира над голот.
Мечот завршил 0-0, па двете екипи ја продолжуваат борбата за пласман во прва лига. Рапид Букурешт е четврти а Петролул шести.