Таг: романија

Помали фудбалски земји поголема драма, Турција е четвртфиналист, ќе се соочи со Холандија

Момците на Винченцо Монтела ја израдуваа фанатичната фудбалска јавност во Турција и го обезбедија третото четвртфинале во историјата на ЕП. Демирал како стопер ја реши Австрија со два комада од кои првиот во 58-ма секунда. Ќе имаат силен противник, а тоа е Холандија која на моќен начин со 3:0 ја збриша Романија.

Романски навивач бакнуваше икони пред мечот против Андора

На гости им дојде аутсајдерот Андора, ама сепак да се помолиме на Господа и тоа на три икони. И тој до него се прекрсти пред мечот кој Романците без проблем го добија со 4:0. Романија на ЕП 2000 стигна до најдобриот пласман во четвртфинале, но од тогаш не се квалификува на три од вкупно пет Европски првенства, вклучувајќи го и последното.

Хаос во Букурешт, Романците на мечот со БиХ скандираа за Србија

Големи инциденти можеа да се забележат синоќа на мечот меѓу Романија и БиХ. Домашните навивачи ги провоцираа гостите со скандирања за Србија по што настана групна тепачка. Инаку БиХ загуби 4:1, но остана прва во група, а Романија последна.

Романскиот новинар кој ја прогнозираше Романија - Исланд 72:0

Емануел Рошу е фриленсер кој работи за медиуми како Guardian, FourFourTwo, World Soccer. Веројатно не му даваат да пишува на теми поврзани со спортска прогноза, а другарите бегаат од него кога ќе го видат во квадилница. Нека се прешалта на кошарка подобро.

Борбената Македонија само до реми со Романија

Во 6. коло од квалификациите за Светско првенство 2022 во Катар, репрезентацијата на Македонија одигра нерешено без голови против Романија и по шест рунди е на 4. место на табелата со 9 освоени бода.

Фудбалери ширум светот ги поддржаа угнетените Палестинци

Во судири кај Западниот Брег кои ескалираа претходниве денови, настрадале Палестинци и припадници на израелската армија. Во знак на солидарност со палестинскиот народ, некои фудбалски клубови организираа активности.

Кога голманот на Стеауа фатил 4 пенали во финале против Барселона за европска титула

Непишаното правило дека за да се биде голман треба посебна „дарба“, не само талент за фудбал, одлично се гледа и по примерот на еден легендарен романски голман кој влезе во легендата по необична пенал серија во финале на Куп на европски шампиони.

Имаше ли пенал за Македонија?

Кај гол не можевме да им дадеме на толку шанси, па нишанот проработе после 80 и кусур минути, па уште и пенал не добивме кој веројатно го имаше во 67-ма минута кога Ристовски се обиде да проигра во опасната зона.

Најдраматичните 100 секунди од Букурешт

Го отспавме, ама некако уште не ги легнува тоа што се случи синоќа на гостувањето против Романија. Ги имавме уште во прво со куп шанси, ги имавме и во второ со два гола во две минути. Неприфатливи се овие 3:2, затоа што бевме подобри и затоа што не е ова старата Романија што ја знаеме.

Романија ја казни Македонија за сите промашувања

Лош старт на македонската фудбалска репрезентација во мундијалските квалификациите за СП 2022 која загуби од Романија во драматичен финиш. По негатива од 2:0, Македонија се врати резултати со два гола за две минути во 82-ра и 83-та, но Хаџи го реши мечот во 85-та минута.

Романија – Македонија 4:0 во мундијалски квалификации, ајде да им вратиме

Копавме од 93-та до денес за да ја извадиме на виделина традицијата на македонската фудбалска репрезентација против романската. Не е добра воопшто, ама таа Романија беше многу подруга, а исто сега и Македонија.

Македонија најверојатно на Европско ќе игра пред 12.000 гледачи

Романските власти го прифатиле предлогот на локалната структура за организација на Евро 2020 - на натпреварите кои ќе се играат во Букурешт, а каде игра и Македонија, да има 25% од капацитетот на огромната Арена.

Судиски клизач на колото во Романија

Каталин Сорин Попа е романски судија  кој стана хит на интернет поради клизачот кој го имаше во 68' минута од мечот УТА Арад - Динамо Букурешт (0-1).

Голот на годината падна во едно село во Романија

Јунакот се вика Роберт Асавоаеи и игра за третолигашот Штинта Мирослава во Романија. Ова што го направил на меч против ЦСМ Пашчани во триумфот од 4-0 уште долго ќе се зборува. Ако има некоја правдина, ФИФА ќе го стави во најтесниот круг од тројца кандидати за наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во сезоната.

Има пенал во фудбал и пенал во романски фудбал

Не е дека во Романија нема супер квалитетни млади таленти, не дека во романскиот фудбал нема интересни странци кои го креваат квалитетот на повисоко ниво, ама пак нешто кај нив не е во ред. Денес на мечот од втора романска лига меѓу Петролул Плоешти и Универзитатеа Крајова се свирна најсмешниот пенал сезонава таму.

Најсмешниот автогол на сезоната, стрелец Црепуља

Поприлично во склад со своето презиме, Љубан Црепуља кој игра за Астра Ѓурѓу во Романија, на мечот против ЦФР Клуж (0:2) си даде автогол каков што сериозно ретко се гледа.

Во Романија после 20 секунди прават измени и користат дупка во правилата

Романскиот клупски фудбал важи за еден од најзабавните во Европа, поради тоа што редовно има некои циркузи. Како на пример она со правилото за задолжителен млад играч на теренот од стартот.

Тениската шампионка која ги намали градите за да може комотно да игра

Долго време најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп, која во моментов е број 2 на светската ранг листа, во 2009-та година на свои 17 години носи одлука која што драстично ѝ ја смени кариерата.

Млад романски голман е хит на колото

Рапид Букурешт игра во втората романска лига. Еден од најпопуларните клубови во оваа земја, во 2016-та година банкротираше и тешко се опоравува.

300.000 Романци изградија болница од 30 милиони евра

Фрустрирани од лошото државно здравство Романците започнаа направи сам кампања, чиј краен резултат е болница на 8 ката која треба во 2021 да биде пуштена во употреба.

И по Хаџи, Хаџи

Јанис Хаџи има 21 година и во моментов важи за најдобар романски фудбалер. По кратката авантура во Фиорентина се врати во Виторул Констанца каде тренер е татко му, а од таму отиде во белгиски Генк. После само 6 месеци Стивен Џерард го носи на позајмица во Глазгов Ренџерс и малиот Јанис Хаџи веќе му се оддолжува на Стиви.

Кога Романци на Клоп му подарија клоп и го израдуваа

После натпреварите во Премиер лигата, тренерите не даваат интервјуа и изјави само на англиските медиуми, туку и на странци, и тоа е пропишано во согласност со ТВ правата. Јирген Клоп после победата над Манчестер Сити од 3:1 одговараше на прашањата на новинарот на романски Eurosport. На крајот од интервјуто репортерот му подарил клоп - традиционална романска шапка.