„Секако дека сфаќам дека многумина ја запомнија по тој контекст. Се надевам дека ќе освои Гренд Слем и луѓето ќе имаат друг повод да зборуваат за неа“, изјави во 2014-та Вим Фисет, тогашен тренер на Симона Халеп.
Од таа изјава до денес, Симона Халеп освои два Гренд Слема (Ролан Гарос и Вимблдон - не под водство на Фисет) и повеќе од една година беше прва светска тенисерка на ранг листата.
Во последните седум сезони само три тенисерки покрај Симона освоиле повеќе од еден Гренд Слем, а во последните три години Романката доби неколку признанија.
Таа успеа да се избави од тоа да биде предмет на разговори за тоа како „тенисерка си ги намалила градите“.
Ѝ БИЛО ТЕШКО ДА ИГРА
Во летото 2018-ма 16-годишната Симона Халеп ја заврши јуниорската кариера со триумф на Ролан Гарос.
Во професионалци влегла откако се преселила од родната Констанца (300.000 жители) во Букурешт и до крајот на таа година освоила две титули на ITF (пониско професионално ниво) од кое влегла во топ-250 на ВТА листа.
Во 2009-та година Симона Халеп го запрепасти и онака во тој период опседнатиот од женска сексуалност тенис, со изјавата: „На есен ќе правам операција за намалување на градите. Поради градите не ми е комфорно да играм, нивната тежина ми смета брзо да реагирам“, изјави Халеп.
Обемот на градите на Симона Халеп бил американски 34DD (меѓународен 75, француски 90) навистина голем: 97 сантиметри до најобемната точка.
Симона Халеп притоа е виока 168 сантиметри.
Таа изјава на Халеп дека планира операција за намалување на обемот на градите ја подели јавноста. Нејзината аргументација дека има дискомфорт на теренот не ја прифатија сите.
Одбојкарката на плажа Алена Шуркова која игра за Јужна Африка рекла:
„Ако таа (Халеп) ја направи операцијата, тогаш сите девојки со големи гради ќе помислат дека не можат да се занимаваат со спорт, а тоа не е така. Јас имам 32E, и никогаш не ми било проблем. Не би се откажала од градите па дури и да не можам да играм. Летам по цел терен и не ми е јасно како големите гради може да сметаат“.
Некои дури и потпишале петиција таа да не се подвргнува на операција, но Симона Халеп не се предомислила. Според пишувањата на The New Yorker операцијата траела седум часа и нејзините гради биле намалени до 34C (91-93 см), на ниво на Џенифер Лопез и Пенелопе Круз.
Романската тенисерка и голема шампионка подоцна изјавила дека природниот обем на градите не и сметал само во тенис туку и во приватниот живот и дека таа би ги намалила дури и ако не била спортистка.
Во разговор за Sports Illustrated пред две години Халеп рекла дека смалувањето на обемот на градите е нејзина најголема жртва за тенисот но во позитивна смисла. Таа не зажалила за тоа што го направила.
„Ја направив операцијата поради тенисот, можно е без неа сега немаше да бидам број 1“.
ЗА ОБИЧНИТЕ ЖЕНИ НАМАЛУВАЊЕ НА ГРАДИТЕ ЧЕСТО Е ПРАШАЊЕ ЗА ЖИВОТ НЕ ЗА УБАВИНА
Намалувањето на градите (редукциона мамопластика) е реконструтивна операција за намалување на женските гради преку отстранување на жлечното и масно ткиво и вишокот на кожа.
„Моите најблиски беа загрижени. Мене не ми беше страв зошто знаев дека ми е потребно. Сакав да бидам најдобра во тенисот, така што радосно отидов на доктор. Веднаш после операцијата се чувствував полесно и проблемите со грбот ми поминаа“, рече Халеп лани за Essentially Sports.
Во просек операција за намалување на градите изнесува 6.500 фунти но ја прават и бесплатно ширум Европа во случај ако се утврди дека градите се „многу диспропорционални со телото“ (индекс маса на телото - тежина во килограми).
Симона Халеп никогаш не поделила детали од операцијата за намалување на градите. Уште пред да освои шампионска титула на најславниот Гренд Слем Вимблдон, Халеп рекла: „Тоа беше моја најдобра одлука“.