Ролан Гарос е еден од најубавите тениски турнири затоа што секоја година инспирира нови приказни со тенисери и тенисерки за кои светот до тој момент не слушнал. Во една таква бајка живее Аргентинката со украинско потекло.
Познатата француска тенисерка Кристина Младеновиќ, 44-та на светската ВТА ранг листа синоќа на УС Опен играше против 20-годишната анонимна тенисерка од Русија Варвара Грачева. Првиот сет Младеновиќ го добива со 6-1, во вториот води 5-1 и при 5-2 има четири меч топки на 0:40. Грачева успева да направи неколку брејка, да израмни во тај брејк и во третиот сет да ја потопи Кристина Младеновиќ со 6-0.
Долго време најдобрата светска тенисерка, Симона Халеп, која во моментов е број 2 на светската ранг листа, во 2009-та година на свои 17 години носи одлука која што драстично ѝ ја смени кариерата.
Чешка беше една од првите европски земји која ги олабави строгите рестриктивни мерки за време на пандемијата од КОВИД-19. Таму веќе се игра и еден сериозен тениски турнир за жени.
Некогашната најдобра тенисерка на светот, Русинката Марија Шарапова на 32 години стави крај на кариерата поради честите повреди со кои не можеше да излезе на крај.
Во женското финале на големиот турнир во Мајами, 22-годишната Ешли Барти ја совлада Каролина Плишкова со 7-6, 6-3 и ја освои најголемата титула во кариерата со што влегува во Топ20. А мечот го одбележи еден од линиските судии.
Најдобрата чешка тенисерка која по бројот на трофеи може да се мери дури и со Серена Вилијамс, вели дека сонува и дека не е реално тоа што ѝ се случува по тешката животна драма во која за малку ќе изгубела живот.
Постојат критериуми според кои анти-допинг агенциите имаат приоритетна листа на играчи кои ги тестираат на допинг многу почесто од другите. Кои се тие критериуми за кои Серена смета дека се дискриминациски?
Нервозната Каролина Плишкова откако испадна од турнирот во Рим од грчката тенисерка Мариа Сакари реши бесот да го искали врз столицата на судијката Марта Мрозинкса.
Како што изминува времето на легендарните Шарапова, сестрите Вилијамс, Кузњецова, Азаренка и Ана Ивановиќ, така на тениските терени се појавуваат нови девојчиња кои играат одлично и се спремни да ја направат смената на генерации.
Светската тениска федерација на турнирот за најталентирани играчи во светот до 21 година во Милано испроба неколку експерименти кои би требало да го подобрат овој спорт, но за нивно имплементирање ќе се чека уште неколку години.
Само 69 дена откако се врати од 11-месечна пауза поради повреда и шест недели откако рејтингот ѝ падна на 957 место, Слоан Стивенс направи чудо и го освои првиот Гренд Слем во кариерата.
Пати Шнидер е швајцарска тенисерка која и на свои 38 години игра по разни турнири на кои доаѓа и нејзината мала ќеркичка. Пети ја гледа дури и меѓу сервисите и гемовите.
По големиот триумф над Серена Вилијамс, Чехињата Каролина Плишкова стана нова дебитантка во едно Гренд Слем финале. Има сестра близначка со која играат во дубл, а омилено хоби им е риболовот во татковината.
По убедливиот триумф во финалето на Индијан Велс против Раониќ, Новак беше вовлечен во незгодна тема од новинарите кои од него добија одговор дека мажите имаат повеќе публика, играат поатрактивни мечеви и треба да заработуваат повеќе од жените, но додаде дека го почитува тоа што го прават спортистките.
Рафаел Надал во 2013-та година имаше специфична повреда поради која не играше седум месеци, но ние знаеме дека тој беше позитивен на допинг тест и тоа се криеше од јавноста, изјави Роселин Башело министерката за здравје и спорт на Франција.
Препаратот кој го користела Марија Шарапова поради што паднала на допинг, лесно може да се купи во секоја обична руска аптека и една кутија со 40 капсули чини 270 рубљи или 3,42 евра.
USA Today успеал да дознае како учесниците на Австралија Опен често имаат проблем со добивање грешни пакети испран веш, пракса која бесплатно следува само на Грен Слем турнирите.
Некои ќе ги препознаете од прва, а за некои тенисери и тенисерки кои редовно ги гледаме на телевизија, нема да ви биде верно дека толку се измениле со текот на времето.
Годината што изминува белиот спорт ќе ја памети по доминацијата на Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, рутината на ветеранот Федерер, шарлатанското однесување на Ник Кирјос, како и по контраверзните изјави на некои тенисери дека меѓу тенисерките имало многу лезбијки.