Пред 2 години крадец за малку ќе ѝ исекол прсти, а сега е во финале на Австралија Опен

Најдобрата чешка тенисерка која по бројот на трофеи може да се мери дури и со Серена Вилијамс, вели дека сонува и дека не е реално тоа што ѝ се случува по тешката животна драма во која за малку ќе изгубела живот.

Петра Квитова е двократна шампионка на Вимблдон. Таа е само една од осумте активни тенисерки на светот кои имаат повеќе од една победа на Гренд Слем.

Лани во Доха ја освои 22 титула во кариерата откако победи во своето 29-то финале.

Од тогаш до денес чешката тенисерка освои уште две титули и ја заокружи серијата од 11 победи по ред на земјена подлога. По триумфот во Мадрид таа стана најтрофејната тенисерка во историјата на овој турнир.

****

Квитова е голема тенисерка, но често е во сенка и тоа поради две причини. Прво, таа не е суперѕвезда како Шарапова и Серена. Надвор од теренот таа е класична, скромна девојка која не привлекува внимание врз себе, не оди на журки, не се снима во капачки костуми, не зборува глупости, не прави екцеси.

Таа е чист спортист.

Второ, таа во 2015-та година слабо ги играше големите турнири (пред се Индијан Велс и Мајами) поради умор а во есента истата година не играше добро поради последиците од мононуклеоза.

Нејзината животна драма се одвивала на крајот од 2016-та, кога во сопствениот дом во чешкиот град Проштејов каде се вратила по подготовките во Шпанија.

Натрапник влегол во нејзиниот дом облечен како хигиеничар од комуналните служби, со цел да ја ограби тенисерката. Не знаел дека таа е внатре и кога се сретнале почнала борба во една од собите. Мажот бил вооружен со нож и и го ставил на грло на Квитова а кога таа пробала да се ослободи, тој ја исекол длабоко по прстите.

По информациите од чешката полиција, напаѓачот и одзел 5.000 чешки крони (околу 192 долари).

Посекотините на прстите од левата рака биле мошне сериозни и хируршката операција и траела четири часа. Квитова по тој ужас не можела да се врати брзо на теренот, но ги изненади сите кога се појави на Ролан Гарос во 2017 а во Бирмингем истата година ја освои титулата.

Притоа таа не ги чувствувала двата палца и не можела да стисне тупаница со левата рака.

Во 2018-та Квитова рекла дека „ќе ја бакнува својата нова рака“, а нејзиниот хирург рекол дека „катастрофата се претворила во чудесен успех“. Петра била медицинско чудо.

Таа ја добила најголемата битка во животот, била тениска маченица но вложила и многу време, енергија и нерви.

Резултатите во 2018 покажале дека таа не е обична тенисерка, туку машина. Сезоната ја почна како 29-ти рекет на светот, испадна во првото коло на Australian Open и воопшто не падна.

Пред почетокот на турнирот во Санкт Петербург 2018 таа имала четири порази по ред, но тоа не и сметаше да ја освои титулата во петербургската сала.

Во февруари и март лани, Петра победи на 14 меча по ред и ја повтори најдобрата серија без пораз во кариерата. Сезоната ја заврши со рекордна петта титула, 47 победи и седум триумфи над тенисерките од Топ10.

„Не можев да замислам дека одново ќе играм тенис, но враќањето освоив пет титули. Тоа е сон. Тоа не е реално“, изјавила минатото лето 2018.

Пред два дена на Australian Open чешката тенисерка победи на 10 меч по ред или 11-ти последните 12, а во интервјуто на теренот после големото четвртфинале ја прашале што за неа значи што одново е во полуфианле на Гренд Слем. На тоа не можела да ги скрие емоциите:

Петра Квитова во сабота од 9:30 ќе го игра третото Гренд Слем финале во кариерата и прво за цели пет години. На последниот меч на големиот турнир во Австралија ќе се бори не само за титулата, туку и за позицијата најдобра тенисерка на светот на ранг листата.

Противник ќе и биде младата надеж Наоми Осака која игра во неверојатна форма и која ја скроти Серена Вилијамс во финалето на УС Опен. Но Петра се изборила и со многу поголеми борби во животот.

24 јануари 2019 - 10:33