Притворен, депортиран, критикуван, линчуван медиумски. Годинава повреден, провоциран и под притисок да мисли и на потезите на татко му. Сè издржа и во рок од 12 месеци им покажа на Австралија и светот дека ништо не може да му застане на патот кога ќе тргне по трофејот. Ниту момците од помпезно најавуваната „NextGen“. Каква ментална сила има овој човек.