Федерер и Ѓоковиќ го поздравија историското исцрпувачко финале на Надал кој во лавовска борба од скоро 5 и пол часа, успеа со пресврт да го совлада Медведев на Австралија опен.
„Каков меч. Честитки за мојот пријател и голем ривал Рафаел Надал, кој прв успеа да стигне до 21 Гренд слем титули. Пред неколку месеци се шегувавме дека двајцата сме на штаки. Неверојатно. Никогаш немојте да потцените голем шампион.
Твојата неверојатна работна етика, посветеноста и борбен дух се инспирација за мене и за многу во целиот свет. Горд сум што ја делам со тебе оваа ера и почестен што те туркам напред за да напредуваш уште повеќе, како што ти тоа го правеше во изминатве 18 години. Сигурен дека пред тебе има уште многу успеси, но сега уживај во овој момент“, му порача Федерер на Надал.
„Честитки до Рафаел Надал за 21 Гренд Слем титула. Неверојатно постигнување. Секогаш импресивен борбен дух, кој се покажа како клучен уште еднаш. Честики. Медведев даде сè од себе и играше со желба и одлучност како што очекувавме од него.“ напиша Ѓоковиќ.
Congratulations to @RafaelNadal for 21st GS. Amazing achievement. Always impressive fighting spirit that prevailed another time. Enhorabuena 👏🏆👍 @Medwed33 gave it his all out there and played with the passion and determination we have come to expect from him. pic.twitter.com/DsOvK8idNc
— Novak Djokovic (@DjokerNole) January 30, 2022