Таг: роџер федерер

Роџер тренира на Вимблдон

43 годишната швајцарска тениска икона го остави тенисот во 2022-ра, ама не го остава рекетот. Го видовме како го гледа Ѓоковиќ во осминафиналето од трибини, како прогнозира во негова полза, а еве го и на терен. Не умира таа негова елегенција во играта. Овој човек еднаш влезе во серија од 65 меча без пораз на трева, во периодот 2003-2008 и тогаш врза 5 титули на Вимблдон.

Од Спорт Клуб го прашуваат Федерер да го прогнозира полуфиналето Ѓоковиќ - Синер

Го изненадија од кола и го начекаа малку неспремен. Роџер се помисли и на крај реши да типува на искуство.

Денот кога 19 годишниот Федерер го елиминираше својот идол Сампрас

Јако парче историја од Вимблдон 2001. Во 4. коло на младиот Роџер Федерер му се падна идолот Пит Сампрас, инаку 7 кратен првак на најелитниот турнир во 8 изданија од 1993-та до 2000-та. Го доби во 5 сета за 3 часа и 40 минути со атрактивен ритрн.

Еден од најјаките поени во тенисот е дело на Федерер

Роџер Федерер vs Енди Родик, Базел 2002. Швајцарецот тука има 21 година, а коментаторот само кратко искоментира: Неверојатно, но вистинито.

Федерер vs Мареј, лудница од поен

Коментаторот: Треба да викнеме полиција, бидејќи има едни двајца кои треба да одат во затвор.

Австралија опен 2016, Ѓоковиќ vs Федерер

Осум години помлади, посвежи и со повеќе сила и енергија. Трофејот го зграпчи Новак, кој во финале беше подобар од Мареј, а во полуфинале се соочи со Роџер. Погледнете како му играше одбрана и како му зема поен.

Како Федерер му врати сервис на Родик со 225 км на час?

Четвртфинале на УС опен 2007 меѓу Енди Родек, кој ја заврши кариерата со само еден Гренд слем (УС опен 2003) и кој одигра уште три големи финалиња, сите на Вимблдон и сите со пораз од Федерер. Погледнете ја оваа рутина на Швајцарецот на која и коментаторите се чудеа и се прашуваа дали некој друг му го има направено ова на Американецот.

Новак му се обрати на Роџер на трибини

Финалето на Мастерсот во Шангај кое Синер го доби против Ѓоковиќ со 2:0, од трибини го следеше Роџер Федерер во друштво на Карлос Алкараз. „Убаво што те гледам Роџер, посакував да играш со нас, веројатно прв пат играм пред твое присуство, што ми направи притисок“, му рече Србинот на довчерашниот голем ривал.

Надал поштено честиташе, Федерер никаде го нема

Без никакво его, фрустрација или комплекс, Рафаел Надал кој го изеде дебело во 2. коло од олимпискиот првак, му честиташе на Инстаграм на Ѓоковиќ за златниот медал, пост кој Новак го реобјави. Роџер тивок како и секогаш.

Kога Роџер и Новак си разменија 41 удар на Роланд Гарос

Веќе фалат овие дуели меѓу великаните, но и во денешно време едниот на 37 години покажува ненормално силна физичка и ментална подготвеност за долги битки и пресврти со помладите во своја корист. Снимкава е од полуфинале во 2011-та кое го доби Федерер.

Иванишевиќ бесен го крши рекетот, Федерер со насмевка

Тениско ретро од 2000-та меѓу 29 годишниот Горан Иванишевиќ и 19 годишниот Роџер Федерер, во време кога младоста на швајцарскиот ас почна да напаѓа.

Федерер се качи на бина на концертот на Колдплеј, Надал го снима од публика

Додека Ѓоковиќ ја стартува битката на Вимблдон кон 24-та Гренд слем титула, Федерер се релаксира во пензија и отиде на концертот на Колдплеј во Цирих. Во еден момент се качи на бина и држеше ритам на еден од хитовите, а во публика се најде и Рафаел Надал кој не се пријави на Вимблдон подари повреда.

За најголемото тениско трио и нивното височество

Податок за историја, доминација и апсолутна моќ, незабележана во друго време во тенисот.

Роџер Федерер, магнет за спонзори од милијарда долари

Швајцарецот не е само светска тениска ѕвезда со долга и блескава кариера од 24 години и 20 освоени Гренд слем турнири. Се работи за икона која привлекува и од која само четворица спортисти во светот имаат заработено повеќе.

Ѓоковиќ зборува за емотивниот говор на Федерер

Најелитното тениско дружење на Лејвер Купот во Лондон помина со многу пријатни моменти меѓу ривалите кои истовремено покажаа дека функционираат и како пријатели и џентлмени. Новак издвои кој момент го трогнал најмногу од говорот на Роџер.

Џентлмените Роџер и Новак делат совети и си носат вода меѓу себе

Вториот натпреварувачки ден на Лејвер Купот мина во знакот на Новак Ѓоковиќ кој оствари две победи, една во двојки и една во сингл против Тиафо кој го доби со 6:1, 6:3. Интересно беше на паузите во тимот на Европа. Федерер и Ѓоковиќ им делеа совети на колегите, а во еден момент Роџер без проблем го праша Новак дали има потреба од вода.

Најемотивниот говор во кариерата на Федерер кој едвај зборуваше од плачење

Маестралниот Роџер Федерер и официјално се збогува со професионално играње тенис во една од најемотивните тениски ноќи.

Роџер игра пинг понг на Гала вечер со тениски крици

Тениската елита веќе неколку дена е во Лондон каде од 23 до 25 септември ќе игра на петтото издание на Лејвер Купот. Ќе се соочат тимот на Европа и тимот на светот, а турнирот ќе го одбележи пензионирањето на легендарниот Федерер, кој умее да се опушти и да се зеза.

Како Федерер се справи со силен сервис на Кирјос на 38 години

Швајцарскиот тениски ас и официјално ќе се одјави од тенисот на Лејвер Купот во Лондон, каде на ревијален натпревар ќе играат тимот на Европа и тимот на светот од 23 до 25 септември. Имаме кусо видео токму од овој турнир во 2019-та. Погледне како му одигра на Ник Кирјос и слушнете го ехото на публиката.

41 поен на 41 годишниот маестро Федерер кои и пркосат на физиката

Ова е материјал на кој не можеш да му правиш никакви поделби или рангирање на поените од 1 до 41. Се гледа во еден здив и се ужива. Хајлајт на една кариера која мора да се овековечи во документарен филм. Роџер Федерер изгради тениски стил на игра кој го издигна до совршенство.

Соопштението со кое Федерер се одјавува од тенисот

„Последните пораки од моето тело беа јасни. Имам 41 година. Одиграв над 1.500 мечеви за 24 години. Тенисот ме третираше толку велокодушно, што не можев да поверувам ни на сон. Сега мора да си признам дека ова е крај на мојата натпреварувачка кариера“.

Компилација на 20 неверојатни поени на Ѓоковиќ, Федерер и Надал

Најславното тениско трио одбележа златна ера во тенисот, која за среќа уште трае. Заедно имаат освоено вкупно 63 Гренд слем турнири или 81%, од 2003-та до денес. Видеото е да гледаш, да уживаш и да бараш репетиција на секој поен од сите агли. Какви легенди.

Федерер за Надал: Пред неколку месеци се шегувавме дека сме на штаки

Рафаел Надал стигна прв до рекордниот Гренд слем број 21 во кариерата, а за големиот подвиг доби честитки и од двајцата главни опоненти, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.