Таг: роџер федерер

Неповторливото финале меѓу Федерер и Ѓоковиќ на кое и двајцата го заслужија пехарот

Да ве потсетиме што правевте лани на овој ден? Седевте 5 часа пред телевизор со препотени раце од возбуда и јанза, кој дали ќе победи вашиот идол од двајцата великани без кои тенисот никогаш повеќе нема да биде ист.

Новинарката која го погали Федерер по гради па мораше да се извинува

Општо е познато дека спортските новинари немаат право да навиваат за некој од тимовите или играчите кои се натпреваруваат.

Кога Федерер добил крава на еден турнир и научил да ја молзе

Во 2003 година по првиот освоен Грен Слем на Вимблдон, Роџер Федерер имал 21 година и уште не одлучил дали да игра на помали турнири. Кога се решил, добил необичен подарок од домаќините.

Надал ја откри мистеријата за која Федерер се прашувал откако им трае ривалството

Двајцата тениски асови се најдоа на чамче муабет на Инстаграм, разговор кој го следеа илјадници нивни фанови. За Роџер беше корисен, бидејќи откри една работа за Рафа која била само мит.

Кралот на тенисот гајле нема со рекетот и на снег

Како сите спортови, така и сезоната во тенис е замрзната, а во најава е откажување дури и на Вимблдон кој е закажан за 29 јуни. Ама Роџер не мрзне и е лабав во својот двор во родната Швајцарија.

Кога го прашаа Коби да бира меѓу Надал, Ѓоковиќ и Федерер

Секој одговор му е на многу високо ниво, образложува до ситни детали како изгледа кога еден врвен спортист доаѓа до момент кога умот сака ама не и телото. Водителката го прашува кого би одбрал од Рафа, Новак и Роџер, а Коби вика: „Новак е мојот тип“.

Надал и Федерер гледаат видео од Надал и Федерер пред 10 години

Следниот петок во Кејптаун, Роџер Федерер и Рафа Надал ќе играат ревијален меч организиран од хуманитарниот фонд на Швајцарецот (The Match for Africa 6). Тој натпревар треба да биде најпосетен тениски меч во историјата - ќе се игра на стадион со капацитет од 55.000 гледачи а продадени се сите карти.

Мајсторски поен од лекцијата на Новак за Федерер

Новак Ѓоковиќ го суреди големиот ривал со 3:0 (7:6, 6:4, 6:3) во полуфиналето на Австралија опен за 2 часа и 18 минути, а првиот сет го доби во тај брејк откако губеше 4:1 и 5:2 во гемови. Немоќта на Роџер може најдобро да се забележи во овој потет на крајот од првиот сет кој беше најнеизвесен.

Неверојатниот Федерер спаси дури 7 меч топки и победи

Швајцарецот едвај се избори со 100-от играч на светот Тенис Сандгрен, Американец кој направи најголеми изненадувања на Австралија Опен годинава. Роџер победи со тешки маки со 3:2 во сетови (3:6, 6:2, 6:2, 6:7, 3:6) откако во 4-от сет спаси дури 7 меч топки на противникот, победи и се пласираше во полуфинале. Лудост.

Ѓоковиќ може и како келнер да работи

Роџер Федерер, Рафа Надал, Новак Ѓоковиќ, Серена Вилијамс и многу други тениски ѕвезди учествуваа на ревијалниот меч Rally For Relief (Собир за утеха) на кој играчите и навивачите донираа средства за помош во борбата со пожарите во Австралија. АТП соопшти дека играчите донирале вкупно 384.000 фунти.

Роџер шибај во пензија, се роди твој наследник

Јуносуке има 6 години на кои тешко е рекет да држиш и да префрлиш преку мрежа, а тој веќе е многу напред со материјалот за годините, ептен напред. Остај друго, него му ги кине потезите целосно. Невидена имитација.

42.000 луѓе во Мексико дошле да го гледаат Федерер

Роџер Федерер можеби не играше на новиот Дејвис Куп во Шпанија каде издоминира Надал, но затоа 38-годишниот Швајцарец сруши нов рекорд. Овојпат на егзибициски меч во Мексико го гледаа преку 40.000 луѓе што е апсолутен рекорд.

Федерер освои титула против играч кого го доеле кога Роџер кревал пехари

На свои 38 години еден од најголемите спортисти на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер по 10. пат ја освои титулата во родниот град Базел каде стално емотивно држи говор и не може да ги воздржи солзите.

Федерер колку години бе имаш младичу?

Што имаат заедничко Златан и Роџер? Годините. И двајцата имаат по 38 и двајцата не само што се неуморни и спремни за секој предизвик, туку вадат потези кои не се нормални за таа возраст. Федерер го совлада Раду Албот со (6-0, 6-3) и обезбеди четвртфинале на АТП турнирот во Базел.

Хајлајтс од шамарот на Федерер на УС Опен

По осум меѓусебни пресметки, Григор Димитров конечно успеа да го совлада Роџер Федерер и со тоа да направи огромно изненадување на четвртфиналето во Њујорк. Бугаринот губеше 2:1, но машки се избори за пресврт против швајцарскиот ас (6-3, 4-6, 6-3, 4-6, 2-6). Во еден момент пожртвувано направи и шпага за да му земе поен.

Интервју со Федерер на 18 години

Ова е Роџер од едно друго време, 1999-та година кога Пит Сампрас му е идол, кој ќе го победи две години после интервјуво и тоа на Вимблдон. Иако е млад и тука делува зрело и фокусирано и знае што сака во животот.

Ѓоковиќ: „Поздрав до Македонија, доаѓам да го видам Охрид“

Откако по страшна битка со Федерер (цели пет часа) го освои својот петти трофеј на Вимблдон, српскиот тенисер одговори на едно новинарско прашање и пројави голема желба да дојде во Охрид.

Во историско финале, Ѓоковиќ ја одбрани круната на Вимблдон

После петчасовна борба на титаните, Новак Ѓоковиќ го совлада Федерер во пет сетови - 7:6 (5), 1:6, 7:6 (4), 4:6, 13:12.

За една епска тениска класика на Вимблдон која ќе се повтори по 11 години

За некои ова е најјакиот натпревар во историјата на тенисот меѓу две легенди кои пак сметаат дека го створија најголемото тениско ривалство евр. Ова нивното беше неповторлива битка и единствена по многу основи.

Роџер е шампион и во тенис и на интервјуа

Две и пол минути во срцето на тенисот со 8 кратниот освојувач на Вимблдон кој е тука и на скоро 38 години кои ќе ги наполни на 8 август. Колку голем спортист е, а колку е едноставен и непосреден. Прави скроз релаксиран муабет, како да нема камера пред него и во фаца му се гледа дека нема чалам без разлика што помести граници во овој спорт. 

4.00 коефицент дека некоја гола будала ќе упадне на Ролан Гарос

Стартува најпознатиот тениски Гренд слем на светот. Првпат после 2015-та се враќа Роџер Федерер, а токму Швајцарецот имаше две необични искуства на терените во Париз. И не само тој.

Роџер Федерер не е од планетата земја

Најголемиот тенисер на сите времиња тренираше на Ролан Гарос првпат после четири години отсуство од овој турнир поради повреди. И направи еден прием каков што не сме виделе во тенисот.

15 години од првиот дуел Надал - Федерер

После толку многу битки, мегдани, трофеи и титули, речиси ретко кој да го памети првиот меѓусебен дуел меѓу двајцата сигурно најголеми тенисери во историјата.