Почна на 16 години во 1998-ма, првата Гренд слем титула ја освои на Вимблдон во 2003-та и низ долгата и незаборавна кариера, со начинот на кој играше тенисот, ја маѓепса публиката.
Со заминувањето на Роџер Федерер завршува една ера во овој спорт во кој остави не само фасцинантни бројки, туку стана и планетарна ѕвезда и идол на многу генерации кои го сакаат и поради џентлменскиот однос и елегантниот стил кој го негуваше.
Кариерата ја завршува со вкупно 103 трофеи од кои 20 Гренд слем титули. Меѓу нив рекордни 8 на Вимблдон. Последната ја освои на Австралија опен и тоа на 37 години.
Изминативе три години се мачеше со повреди на коленото и операции и од почетокот на 2020-та настапи на само три од вкупно 11 Гренд слем турнири.
Швајцарскиот ас за последен пат ќе игра на Купот Лејвер на 23 септември, каде ќе настапат и неговите најголеми ривали Надал и Ѓоковиќ.
Ви го пренесуваме негово соопштение во аудио и печатена форма:
To my tennis family and beyond,
— Roger Federer (@rogerfederer) September 15, 2022
With Love,
Roger pic.twitter.com/1UISwK1NIN
— Roger Federer (@rogerfederer) September 15, 2022