Новинарката која го погали Федерер по гради па мораше да се извинува

Општо е познато дека спортските новинари немаат право да навиваат за некој од тимовите или играчите кои се натпреваруваат.

Но гледачите често знаат да препознаат по бојата на гласот и начинот на коментирање, кој коментатор за кого навива, па често се случува на пример симпатизерите на Федерер/Надал/Ѓоковиќ да се расправаат по социјалните мрежи и да обвинуваат новинари дека навиваат за нивните долгогодишни ривали.

Отсуство на објективност има кај новинарите кои не можат да ги совладаат емоциите кога нивниот клуб е во прашање, па спремни се пристрасно да бранат некој свој став макар бил и неоснован.

Но има и случаи како оној со легендарната тенисерка од Нови Сад, Моника Селеш, која на млади години освои Гренд Слем а потоа го доживеа страшниот напад од психопат со нож. Од тој момент немаше жив човек кој немал симпатии за Селеш. Новинарите во прв ред.

„Во спортската журналистика веќе има клише како во прес-ложата не се навива. Но ако тениските репортери не ја поддржуваат Селеш, тогаш тие не се само внимателно воздржани, туку имаат срце од камен“, рекол еднаш Џон Вертхајм од Sports Illustrated.

Во тенисот е тешко да се одржи објективноста зошто сите основни турнири се меѓународни. Така редовно до израз доаѓа националната припадност. На пример минатата година кога Гркот Стефанос Циципос победи на еден турнир, веднаш после честитките со роднините и стручниот штаб, отишол да збори со грчките новинари кои барале интервју на терен од него.

Поранешната тенисерка Мариза Георгитси која ја пратела кариерата на Циципас уште од негови 12 години, за време на разговорот не се воздржала и му изразила љубов.

Но тоа било искрено и од срце и никој не го земал за зло.

Редовно појава за играчите е да не можат да ги сокријат емоциите на теренот, но кога новинари го прават тоа, тогаш знае да биде предалеку.

На Австралија Опен 2018 Роџер Федерер го освои својот 20-ти Гренд Слем и после церемонијата доделување награди, со пехар во раце дошол на договорено интервју со Денис Лангенегер од швајцарскиот канал SRF.

Пред да почне разговорот Лангенегер го поздравила, го погалила по градите и рекла: „Неверојатно“.

Каналот SRF не го прикажал овој момент пред интервјуто но веќе видеото излегло на социјалните мрежи. Лангенегер ја обвиниле не само за нарушение на новинарската етика, туку и за напад: многумина се прашувале што би се случило ако маж новинар така погали тенисерка?

Швајцарскиот весник Tages Anzeiger подоцна ја прашал новинарката Лангенегер, а таа рекла: „На секунда изгубив новинарска дистанца. Тоа беше недопустливо. Гледачите на стадионот, организаторите, техничкиот персонал, тв продуцентите каде земав интервју, сите беа радосни и емотивни. Јас исто бев радосна за Роџер Федерер и затоа реагирав како човек а не како новинар“, рекла новинарката.

27 мај 2020 - 10:11