Светскиот ас број 1 веќе пар години отворено зборува дека негова цел е да ги урне сите рекорди и да ја заврши кариерата како најголем тенисер во историјата. И аргументите се повеќе се на негова страна.
После триумфот на Ролан Гарос он стана првиот машки тенисер во Отворената ера (од 1968-ма кога професионалците играат Гренд Слем) кој ги освоил сите највредни трофеи најмалку по два пати.
Новак има девет титули на Австралија Опен, пет на Вимблдон, три на УС Опен и два на Ролан Гарос. На два пати сите најголеми трофеи ги освоиле сам Рој Емерсон и Род Лејвер.
Ѓоковиќ има вкупно 19 Гренд Слемови и сега заостанува само 1 од Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Годинава Србинот го урна рекордот на Федерер по број на недели на прво место на ранг листа - Новак има 324 а Федерер 310. И најмалку до крајот на Вимблдон никој не може да го тргне од првото место на ранг листата.
Минатата година Ѓоковиќ го израмни рекордот на Пит Сампрас со подвигот по шести пат да ја заврши сезоната како број 1 на светот.
Во 2019-та Новак стана единствен кој ги освоил сите девет Мастерси. Минатата година стана уште подобар - го освои Синсинати по втор пат и стана правиот кој ги освоил сите Мастерси по два пати.
По неверојатниот триумф на Ролан Гарос против Циципас кога после огромна негатива 0-2 се врати и направи чудесен пресврт 3-2, Ѓоковиќ ја извојува 222-та победа над играч од топ10. До рекордот на Федерер кој има 224 му фалат уште две победи над играчи од првите Топ10.
НОВАК ПРОТИВ ФЕДЕРЕР ИМА УЧИНОК 27 ПОБЕДИ И 23 ПОРАЗИ А ПРОТИВ НАДАЛ 30 ПОБЕДИ И 28 ПОРАЗИ
Надал можеше да го израмни односот во победи во нивните меѓусебни дуели но и тука Ѓоковиќ даде уште еден аргумент зошто важи за најголемиот во историјата.
Новак му го нанесе на Шпанецот третиот пораз во кариерата на Ролан Гарос откако го одигра можеби најдобриот меч во животот. Од само три порази во финале на долгогодишните настапи на Надал на Ролан Гарос, Ѓоковиќ е заслужен за два.
Рекорд Новак постави и со тоа што после 30-годишна возраст го освои веќе седмиот Гренд Слем трофеј. Надал има шест, Федерер четири.
Во ХХI век само еден тенисер ги освоил двата први Гренд Слема во сезоната и два пати тоа беше Србинот кој сега има реални шанси да ги освои сите во календарската година.