Таг: тенис

Циципас: Следен пат не се чуди кога ќе те удрам со топче, ок?

Стефанос Циципас се посрамоти уште во 2. коло на УС опен од Даниел Алтмајер, инаку 300-ти на АТП. Големиот фаворит го загуби мечот во 5 сета и тоа откако водеше 2:1. Гркот имаше забелешки од Германецот, поради начинот на кој сервирал во последниот сет, па фати да се расправа на и да му се заканува дека во следна прилика ќе го удира со топче.

Дали е ова волејот на кариерата на Медведев?

Данил Медведев направи триста глупости и се соочи со елиминација на УС опен уште во прво коло. Загуби од Французинот Бенажмин Бонзи со 3-2. Но и покрај сè што се случи на мечот, не смее да се прерипа овој негов поен. Маестрално одиграно.

Лудница поен во мешани двојки на УС опен

Тенисот во мешани двојки знае да биде многу интересен и е многу подинамичен. Сара Ерани и Андреа Вавасори го имаат најјакиот поен на УС опен. Ќе ве шашардисаат со топчето. Ко пинг понг да играат.

Драма и пол финиш на Медведев и Муте

Корентин Муте ја оствари најголемата победа во кариерата, откако во драматично четвртфинале на Мубадала Сити ДС Опен го елиминираше Данил Медведев. Французинот го загуби првиот сет со 6:1, но потоа ги доби следните два. Погледнете на каков начин заврши мечот.

Среќа што не го изеде во глава

А само што ја предупредија.

Тениска ВАР драма на годината

Феликс Оже од Канада и Александар Бублик од Казахстан се најдоа во ретко видена тениска ситуација која заврши со непотребно кошкање. Оже бараше ВАР бидејќи детето што собира топчиња му засмета да не може да врати. Судијата го понови поенот, а Бублик негодуваше и возврати на друг начин. Но сепак Канаѓанецот, инаку 21 на АТП, го зема сетот, а на крај го доби и мечот.

Еден од најјаките поени во тенисот е дело на Федерер

Роџер Федерер vs Енди Родик, Базел 2002. Швајцарецот тука има 21 година, а коментаторот само кратко искоментира: Неверојатно, но вистинито.

Го имаме ли тенискиот поен број 1 за 2025-та?

Томи Пол, кој е на 9. место на АТП, го елиминираше Џенсон Бруксбај на турнирот во Далас и обезбеди пласман во осминафинале. 27 годишниот Американец изведе атракција каква што ретко се гледа во тенисот. И на коментаторите не им се веруваше.

Федерер vs Мареј, лудница од поен

Коментаторот: Треба да викнеме полиција, бидејќи има едни двајца кои треба да одат во затвор.

Како и да ја вртиме, тенисот е сепак убав спорт

Запознајте ја Рејчел Штулман, поранешна тенисерка која остана во овој спорт во друга улога. Работи како консултант, дописник и подкастер, која прави анализи по натпреварите и интервјуа со тениските ѕвезди. Во моментов е службено на Австралија опен. За неа велат дека е авторитет и тешко се одбива за интервју.

Австралија опен 2016, Ѓоковиќ vs Федерер

Осум години помлади, посвежи и со повеќе сила и енергија. Трофејот го зграпчи Новак, кој во финале беше подобар од Мареј, а во полуфинале се соочи со Роџер. Погледнете како му играше одбрана и како му зема поен.

Дојде крајот, Рафа Надал му кажа збогум на тенисот

Надал напиша „Благодарам до сите“ на 12 јазици, меѓу кои и на српски и сними видео со кое и се обрати на јавноста дека со настапот во Дејвис купот, што ќе се одржи 19 до 24 ноември во Малага, завршува со професионално играње на тенис.

Најоткачениот поен некогаш виден во тенисот

Ѓоковиќ, Федерер, Надал, претходно Агаси, Бекер, Сампрас. Никој во историјата не се решил за ваков потег, да го фрли рекетот во воздух за да му ја врати. Тоа го стори Александер Бублик кој внимавајте добро на снимката, успеа да му го земе поенот, но сепак не му беше признат, бидејќи со рекетот ја удри мрежата. Поенот му припадна на Бен Шелтон и така мечот заврши, со поклонување и насмевки кај двајцата. Се работи за мастерсот во Монтреал, кој веќе стартуваше како увертира на УС опен.

Ма каков Вимблдон, поенот на годинава е овој и ниту еден друг

Кантен Алис, 192-ри тенисер во светот, на АТП турнир во Швајцарија изведе нешто што ретко или скоро никогаш не се гледа во тенис.

Ѓоковиќ - Иванишевиќ: Пријателство, кавги и успеси

Србин и Хрват заедно против сите. Врска со силни тонови и епохални несогласувања. Споени во пријателство цврсто како карпа кое доведе до 9 Гренд слем титули.

Колку заработуваат тенисерите кои не се дел од елитата и каков е планот да им се помогне?

Според некои проценки, Ѓоковиќ тежи 520 милиони долари, Надал 515, а Самит Нагал, број 1 тенисер во Индија вели вака: „На сметка имам 900 евра и за да заштедам патувам само со тренерот. Играм Гренд слемови, но сиромашен сум“.

Најдобрите поени од фантастичниот кам бек на Надал

По пауза од 349 дена, Рафаел Надал му се врати на тенисот и тоа во голем стил со победа од 2:0 (7:5, 6:1) над Доминик Тием. Во првото коло на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија, Надал изгледаше како да немал ниту еден ден пауза. Во транс ја фрли публиката.

Историската година за Јаник Синер кој од 1.592 место стана четврти тенисер во светот

2023-та ја почна со пораз на Австралија опен од Циципас, се мачеше на земјена подлога, стигна до полуфинале на Вимблдон, но ова ќе му биде сепак незаборавна година бидејќи го освои Монпеље, првиот Мастерс 1000 во Торонто и стана шампион на Дејвис Купот.

Зошто тениските турнири се нарекуваат „Отворени“?

Накратко, затоа што се отворени за сите, а не било секогаш така.

Тенисери прво си подадоа рака на мрежа, а потоа ги двоеше судијата

Чудно и нетипично да видиме физички контакт во тенис. Се случи на АТП турнир во Франција меѓу домаќинот Корентин Муте и Бугаринот Адријан Андреев. Бугарскиот тенисер го доби мечот со пресврт, а на крај за да не биде големата мораше да се вмеша и судијата.

Импресивен трк и поен на Тиафо, коментаторите побудалеа

Американецот Френсис Тиафо го доби Циципас со 2:1 во сетови (1:6, 7:6, 10:7), со што „Тимот на светот“ стигна до првата победа над „Тимот на Европа“ на „Лејвер купот“ во Лондон кој се одржува од 2017-та. Тиафо го има може најјакиот поен на турнирот. Радоста на крај за првата историска титула беше голема.

Ѓоковиќ зборува за емотивниот говор на Федерер

Најелитното тениско дружење на Лејвер Купот во Лондон помина со многу пријатни моменти меѓу ривалите кои истовремено покажаа дека функционираат и како пријатели и џентлмени. Новак издвои кој момент го трогнал најмногу од говорот на Роџер.

Џентлмените Роџер и Новак делат совети и си носат вода меѓу себе

Вториот натпреварувачки ден на Лејвер Купот мина во знакот на Новак Ѓоковиќ кој оствари две победи, една во двојки и една во сингл против Тиафо кој го доби со 6:1, 6:3. Интересно беше на паузите во тимот на Европа. Федерер и Ѓоковиќ им делеа совети на колегите, а во еден момент Роџер без проблем го праша Новак дали има потреба од вода.

17 секунди атракција од тренингот на Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Мареј

Лејвер Купот во Лондон е последната тениска станица на Роџер Федерер кој и официјално го соопшти крајот на кариерата. Легендите ќе играат во двојки, а спектаклот е веќе почнат уште на тренинзите. Мангупскиот удар на дечкото со капчето е на Рафа.