Пристигна најтажното „Gracias a todos“ за Шпанија и сите фанови на тенискиот ас кој стана идол на милиони луѓе во светот.
Заминува како великан со 22 Гренд слема или вкупно 92 трофеи меѓу кои 36 Мастерс турнири, злато на Олимписките игри и 4 титули на Дејвис Купот.
Ќе остане запаметен како крал на Роланд Гарос со 14 трофеи и неприкосновен на земја со рекордна 81 победа во низа. Дури 63 трофеи во кариерата му се земјена подлога.
Застана на тронот на АТП на 22 години, последен пат беше на 33, а челната позиција успеа да ја држи 209 недели.
Тој е еден од само тројцата во историјата кои успеале да го освојат Голден слемот (Австралија опен, Франција опен, Вимблдон, УС опен и Олимписките игри). Другите двајца се Агаси и Ѓоковиќ.
Рафаел Надал настапи на само 23 меча во последните две години и поради честиот број на повреди на можеше да се врати во силен ритам.
Пред две години крај на кариерата стави Роџер Федерер, а тоа значи дека само Новак Ѓоковиќ останува активен од големата тројка по која ништо повеќе нема да биде исто во тенисот.
Mil gracias a todos
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) October 10, 2024
Many thanks to all
Merci beaucoup à tous
Grazie mille à tutti
谢谢大家
شكرا لكم جميعا
תודה לכולכם
Obrigado a todos
Vielen Dank euch allen
Tack alla
Хвала свима
Gràcies a tots pic.twitter.com/7yPRs7QrOi
Rafael Nadal, 𝙛𝙤𝙧𝙚𝙫𝙚𝙧 the King of Clay 👑 pic.twitter.com/YS05suBhea
— Eurosport (@eurosport) October 10, 2024
👏🏼 Gloria eterna a Don Rafael Nadal Parera 👏🏼
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) October 10, 2024
🏆 Ganador de 92 títulos ATP
🥇 x36 Masters 1000
🇫🇷 x14 Roland Garros
🇺🇸 x4 US Open
🇦🇺 x2 Abierto de Australia
🏴 x2 Wimbledon
📻 #PartidazoCOPE pic.twitter.com/sOCfDrLagR