21 годишниот Синер кој го носи прекарот „Тhe Carrot“ (морков), ќе ја памети годинава и по тоа што стана прв тенисер после Дел Потро во 2011-та кој успеал да го порази Новак Ѓоковиќ на Дејвис Куп, како и трет тенисер во историјата кој го поразил Ѓоковиќ два пати во 12 дена. Другите двајца се Надал и Мареј.
Одиме со резиме на блескавата и историска сезона на Италијанецот кој стана четврти во свет.
ПОРАЗОТ ОД ЦИЦИПАС
Во 2022 пораз од Циципас во Австралија, во 2023 пораз од Циципас во Австралија. Првиот пат во четвртфинале во три сета, вториот во осминафинале во пет сета. Сезоната на Синер се отвори со прашање: Уште колку му треба за да биде блиску до великаните? Поразот од Гркот веројатно му го одбележа патот, особено во однос на физичката работа за да се доближи до најдобрите.
ТИТУЛАТА ВО МОНПЕЉЕ
Како да почнеш веднаш после болен пораз? Прво со одмор, па со победа. Синер го оттргна разочарувањето од поразот на Австралија Опен со освојувањето на Монпеље во финале против Креси, пред да дојде до дното на следниот турнир во Ротердам. Медведев беше повторно тој кој го спречи да го комплетира ударот. Но, двата турнири одиграни во затворен простор во Европа му го дадоа вистинскиот притисок.
ФИНАЛЕ ВО МАЈАМИ
Јаник Синер е многу силен, но сè уште му фали еден чекор што треба да го направи за да биде меѓу најдобрите во континуитет. Се претстави на Индијан Велс како 13-ти во светот и го загуби полуфиналето од Карлос Алкараз. Во Мајами како 11-ти, му се реваншираше на Шпанецот во полуфинале, но не успеа во финале против Медведев. И двата американски турнири на тврда подлога ги одигра одлично и се влезе во топ 10.
РАЗОЧАРУВАЊАТА НА ЗЕМЈА
По остварените задоволства на тврда, Јаник мораше да свари горлчиво апче во комплицираната сезона на земјена подлога. Пораз во полуфиналето во Монтекарло од Руне, повлекување пред четвртфиналето со Музети во Мадрид, пораз во Рим од Серундоло и болен пораз против Алтмаер во второто коло на Роланд Гарос со 7:5 во петти сет.
ПОЛУФИНАЛЕ НА ВИМБЛДОН
На трева повторно се отвори истата тема, а тоа е неговата физичка подготвеност. Битките на слемовите не поминаа најдобро, но сомнежите исчезнаа кога успеа да стигне до полуфинале на најпрестижниот турнир во светот. Ги победи Серундоло, Шварцман, Халис, Галан и Сафиулин, но не и најсилната пречката, која се вика Новак Ѓоковиќ.
ТРИУМФОТ ВО ТОРОНТО
Нова пауза, пред да се врати уште посилен. По Вимлбдон беше надвор од терените неколку недели за да се претстави во добра форма, соочен со амбициозни цели во Торонто. Стигна до првата 1000ка во кариерата победувајќи го Алекс Де Минаур, успех кој го искачи на шеста позиција на АТП.
ПОРАЗОТ ОД ЅВЕРЕВ
Триумфот во Торонто му донесе енергија на Јаник на УС Опен, со кикс помеѓу во Синсинати против Душан Лајовиќ. Повторно на Слем беше принуден да падне во мускулната битка против силен физични противник како Ѕверев. Пораз во осминафинале во пет сета, во речиси пет часа.
ШОУ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР
Но најдоброто допрва треба да дојде. Затоа што Синер после Њујорк беше едноставно најдобар. На тврда подлога освои два трофеи, деветта и десетта во кариеатата, прво во Пекинг, а потоа во Виена. Ги победи Алкараз. Рубљев и два пати Медведев и оствари нов рекорден пласман на четврта позиција. Прашањето е дали може да освои следно, АТП турнир?
ФИНАЛЕ
Во Торино, Синер ја натера Италија да се заљуби во него. Го победи Ѓоковиќ за прв пат во кариерата, не правеше калкулации и победи против Руне, пред да добие одличен меч во полуфиналето против Медведев со кој стигна до 3 од 3, откако му беше табу тема. Сонот му се урна во финале, каде Новак му се одмазди.
ИСТОРИЈА ВО МАЛАГА
Но, Торино беше само предигра и веќе имаше славеничка атмсофера. Ја водеше Италија до победи во Дејвис Купот над Холандија и Србија, победувајќи во сингл и двојки во двата наврати. Против Ѓоковиќ спаси три меч топки, а против Де Минуар ја заврши работата со чиста победа, односно одржа шампионски монолог. Синер гигантот годинава влезе во историјата на италијанскиот тенис.