Среќен роденден легендо, и 100ка да си дочекаш

На 19 ноември 1935 во Кавадарци, (доцниме еден ден со честитките), роден е Андон Дончевски. Асоцијација за Вардар и македонската фудбалска репрезентација.

Легендарниот чичко Дончо наполни 90 години. И уште не му е тешко да се мрцвари на тие години по аеродроми и на пар години од Австралија да наврати до дома.

Летоска го видовме на Водно. Да, на овие години. Чекаше ред пред жичара. Ајде селекторе, му рековме во гужвата пред билетарницата, за да помине преку ред на тоа горештините.

Андон Дончевски ти е вистинска вардарова легенда. Зборуваме за најдобриот стрелец во историјата на ФК Вардар со 217 голови, кој го освои првиот незаборавен Куп на клубот во 1961 година. 

Во финалето на Купот на Маршал Тито, Вардар на стадионот „ЈНА“ во Белград го победи хрватски Вартекс од Вараждин со 2-1. 64 години подоцна, повторно се радуваше на истиот трофеј. Дојде од Австралија, за да им даде поддршка на фудбалерите на Градски, во пресрет на финалето со Струга Трим Лум во мај.

Во 2023-та беше во соблекувалната на Вардар. Ги поздрави играчите со топол и емотивен говор и од срце им го посака кам бекот во прва лига.

За подарок доби два дреса 87 и 217. Првата бројка ја симболизира годината на освојувањето на титулата, а втората бројот на неговите голови.

Како прв селектор, Дончевски ги удри темелите на репрезентацијата во Крањ со оние 1:4 против Словенија и ја водеше Македонија на 17 натпревари во периодот 1993-1995. 

Легендарниот селектор на Македонија, ги посетуваше и мотивираше и репрезентативците, а во Скопје беше и за јубилејот „20 години македонска репрезентација“.

20 ноември 2025 - 14:49