Со овој триумф Азурите не само што ја прекинаа црната серија од 64 години без победа над „Триколорите“ на домашен терен, туку го презедоа и врвот во групата А1 и му го нанесоа првиот пораз на Зинедин Зидан на селекторската клупа.
Гостите, кои настапија без повредениот капитен Килијан Мбапе, подобро го отворија дуелот и поведоа во 10-тата минута, благодарение на грешката на Донарума, која ја искористи Мајкл Олисе.
И покрај притисокот на Французите, Италијанците ја искористи својата прва вистинска шанса во 26-тата минута. По одличниот продор и повратната топка на Николо Камбијаги, младиот напаѓач Франческо Пио Еспозито израмни на 1:1.
На стартот од вториот дел Себастијано Еспозито промаши пенал во 60-тата минута. Само три минути подоцна, по одличната асистенција на Федерико Димарко, Давиде Фратези погоди за целосен пресврт и водство од 2:1.
Точка на одличната вечер стави Пио Еспозито во 75-тата минута при вториот досуден пенал за Италија.