Таг: андон дончевски

Емотивен говор на чичко Дончо во соблекувалната на Вардар

„Ви што давате голови, да не се срамите да давате голови, ќе давате ами како. Вие во одбрана, не пуштајте пиле да прелета. Сите да го кренеме Вардар, птица Феникс, од пепел горе да го качиме каде што му е местото“.

Дончевски: Некои играат фудбал по канцеларии, а Вардар нема каде да тренира, ова е срамота и греота

Првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација синоќа во гостување во МТВ зборуваше разочарано за ситуацијата во клубот со кој успеа да ја освои титулата во Југославија.

Легендарниот чичко Дончо се појави на тренингот на Македонија

Како прв селектор, Андон Дончевски ги удри темелите на репрезентацијата во Крањ со оние 1:4 против Словенија и ја водеше Македонија на 17 натпревари во периодот 1993-1995. На 87 години дојде да ги испочитува момците на Милевски, а инаку живее во Австралија. Капитенот Ристовски му подари дрес.

Чичко Дончо до Мрме: Ти си ѕвезда деница, како Мурињо ја водеше Македонија

Селекторот на Македонија Игор Ангеловски седнува на интервју за австралиско радио, а од таму му прават изненадување. Во кадар се појавува Андон Дончевски, човекот кој ги удри темелите на македонската репрезентација. Три и кусур минути го фалеше.

Како Дончо ги строеше легендите од Крањ

13 октомври е датум кој цел живот ќе не потсеќа на првиот репрезентативен двобој на Македонија. Но тоа е верглана тема и затоа одиме 20 години подоцна, за да потсетиме зошто пак се собра тоа легендарно друштво.

Легендите од Крањ продефилираа на Филип Втори

На точно 25 години од одигрувањето на првиот меч од осамостојувањето, првата фудбалска селекција се собра за да го одбележи големиот јубилеј. Мечот од Лига на нации меѓу Македонија и Лихтенштајн се поклопи на ист датум. (13 октомври 1993 - 13 октомври 2018)

Дончо легендата и јубилејот на Македонија

Најдобриот стрелец во историјата на Вардар, кој стана прв селектор на македонската фудбалска репрезентација, денеска полни 80 години. Освен за ликот и делото, ќе ве потсетиме и како пред две години ја водеше истата репрезентација со која ја испиша историјата во Крањ 1994 година.

Реакциите на темпераментниот Дончевски

Иако има 77 години и веќе подолго време е во пензија, Андон Дончевски на денешниот ревијален меч не седеше мирен на клупата, туку постојано им наоѓаше забелешки на фудбалерите, им делеше совети и размислуваше само на победа.