ФК Вардар денеска му го честиташе 80-от роденден на чичко Дончо кој целата играчка кариера ја мина во црвено црниот тим. Играше во периодот од 1953 до 1965 година и сè уште е рекордер со 217 голови постигнати на 335 меча.
Во 1961 година го освои Купот на Југославија, а 7 пати славеше и во Купот на Македонија. Дончевски потоа беше тренер на Вардар кој во 1987-та стигна до шампионската титула во Југославија, а со него почна да се пишува и историјата на македонската репрезентација.
Доби признание за животно дело од Агенцијата за млади и спорт, а Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов му даде медал за заслуги.
Ние би му дале уште еден медал што на тие години се спотера да дојде од Австралија за да го прослави 20 годишниот јубилеј од првиот меч на македонската фудбалска репрезентација кој го доби во Словенија со 1:4.
На тој евент ги немаше Дарко Панчев, Чеде Јаневски, Илија Најдовски и Драган Канатларовски, но Дончо дојде и во својот препознатлив темпераментен стил ја водеше репрезентацијата.
Фотографии од јубилејот кој беше одбележан во Куќата на фудбалот имате ТУКА.
Тоа што го снимивме на клупата и на аут линијата каде беше Дончо го имате ТУКА.