Иако има 77 години и веќе подолго време е во пензија, Андон Дончевски на денешниот ревијален меч не седеше мирен на клупата, туку постојано им наоѓаше забелешки на фудбалерите, им делеше совети и размислуваше само на победа.
„Седни со грб сврти се, што се срамиш. Ајде одмори се, не сте како млади кога бевте. Ломи го, ломи го“ беа дел од реакциите на легендарниот Дончо кој знаеше и да ги насмее поранешните репрезентативци.