19 работи за кои ми требаа 50 години за да ги сфатам

* Кога настанува проблем, секогaш се појавува човек кој го гледа решението и е подготвен да ја презеде командата. Најчесто, тој човек е луд. * Постои време кога треба да престанеш да се надеваш дека луѓето се возбудуваат околу твојот роденден. Тоа време е кога имаш 11 години. * Главното постигнување на речиси сите организирани протести е нервирањето на луѓето кои не се дел од нив. * Човек кој е фин со тебе ама е груб со келнерот, не е фин човек.

1. Во никакви околности немој да пиеш таблети за спиење и лаксатив  во иста ноќ.

2. Ако треба во еден единствен збор да сумираш зошто човечката раса не ги остварила и никогаш нема да ги оствари своите потенцијали, тој збор би бил - состаноци.

3. Тенка е линијата меѓу "хоби" и "ментална болест".

4. Луѓето кои сакаат со тебе да ги споделат своите религиозни погледи, речиси никогаш не сакаат ти да ги поделиш со нив своите.

5. Кога Господ, кој го создаде целиот Универзум, ќе посака да испрати порака до целото човештво, тој НЕМА како свој гласник да користи човек со лоша фризура што има емисија на телевизија.

6. Никогаш не смееш да го поистоветиш твојот живот со твојата кариера.

7. Што и да се случи, некој ќе се најде тоа да го сфати премногу сериозно.

8. Кога настанува проблем, секогaш се појавува човек кој го гледа решението и е подготвен да ја презеде командата. Најчесто, тој човек е луд.

9. Никому не му е гајле ако не танцуваш најдобро. Само стани и играј.

10. Никогаш не лижи остар нож.

11. Извади го ливчето што ти ја кажува судбината пред да го изедеш колачето.

12. Најмоќната сила во целиот Универзум е трачот.

13. Никогаш нема да најдеш човек кој јасно и едноставно ќе ти објасни зошто постои зимско и летно сметање на времето.

14. Никогаш не и кажувај на жена дека мислиш дека е трудна освен ако во тој момент не гледаш бебе да излегува од неа. 

15. Постои време кога треба да престанеш да се надеваш дека луѓето се возбудуваат околу твојот роденден. Тоа време е кога имаш 11 години.

16. Единствената работа која ги обединува сите луѓе, без разлика на нивната возраст, пол, религија, економски статус или етничко потекло е вербата дека тие се подобри од просечните возачи.

17. Главното постигнување на речиси сите организирани протести е нервирањето на луѓето кои не се дел од нив.

18. Човек кој е фин со тебе ама е груб со келнерот, не е фин човек.

19. Пријателите те сакаат секако.

 

Дејв Бери

24 март 2012 - 17:23