За Ипче:

Омаж на денот

''Отворе се очи ко кафанска врата, еј ти ночи, сестро моја, прими ме за брата''

Читаш ги Бодлер, Рембо и други мајстори у естетика на грдото,

читаш ги Башо и Бусон и други мајстори на хаикуто,

читаш го Буковски и други мајстори у трансгресивната поезија,

читаш ги Есенин и Мајаковски и други мајстори на руската школа од имагинизам до футуризам,

читаш ги Рацин, Гинзберг и други мајстори на битовата поезија

и некаде случајно ги слушнеш стиховите:

''Отворе се очи ко кафанска врата
еј ти ночи, сестро моја, прими ме за брата''

од Ипче Ахмедовски и сфанеш дека џабе си губил време со овие од горните редови.

Еј, несречни ти човече, грано поломљена.

Кирил Стоименов

***

Бонус од Кирил:

Кукавица
Ни сам знала
Дека е толку лош пато до
Каменицаааа.mp3

За љубов се потребни двајца, за омлет јајца, а за физичко бела мајца.

Како се вика тоа кога ти се свиѓат поедини сегменти и од евроскептицизмо и од еврофанатизмо? Ја ли е шизофренија, ја ли е еклектика, ја ли сум жена у вечен пиемес и не знам шо сакам у живото.

''Ееееее мајсторе, ногу ме скрати овај пат'' - му рече петката на злобниот дилер.

Кажете му на Ристо Вртев дека секој обид апла да ги копира The Smiths ќе му се врати како казна, како горка измама.

Жолти се лозите
Плави некролозите
Далеко си ти од пичка
Пошто си БЕХ СОС КОЗИТЕ

Еве го на Фејсбук

30 август 2016 - 16:32