Македонската фудбалска репрезентација првиот официјален меч го одигра во Крањ, Словенија, а златната генерација предводена од Андон Дончевски тогаш славеше со високи 4:1 со головите на Зоран Бошковски Чоко, Дарко Пандев, Чедомир Јаневски и Драган Канатларовски.
Легендарниот Дончо имаше чест по две децении да ја води истата репрезентација составена од Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Неџмедин Мемеди, Зоран Јованоски, Зоран Бошковски, Ванчо Мицевски, Љупчо Марковски, Бобан Бабунски, Горан Георгиевски, Сашо Милошевски и Тони Мицевски, но денеска недостасуваа Драган Канатларовски, Чедомир Јаневски, Илија Најдоски и Дарко Панчев.
Од спротивниот табор селектор беше вардаровата легенда Васил Рингов, а помошници му беа доајените на спортското новинарство Миодраг Мицковиќ и Атанас Костовски. Дел од овој состав беа пензионираните Гоце Седловски, Ѓорги Христов, Александар Васовски, Срѓан Захариевски, Жарко Серафимовски и Јане Николовски.
Натпреварот заврши 1:1 со головите на Тони Мицевски и Гоце Седловски од пенал, а судија на мечот беше интернационалниот пензиониран судија Емил Божиновски. Единствен активен фудбалер на терен беше Тони Мицевски кој на 43 годишна возраст настапува во третата македонска лига.