
Легендарниот селектор на Македонија, играч и тренер на Вардар на 87 години беше да ги посети и мотивира репрезентативците.
Отиде и кај Вардарци, клубот со кој го освои Купот на Југославија како играч и првенството на Југославија како тренер.
За подарок доби два дреса 87 и 217. Првата бројка ја симболизира годината на освојувањето на титулата, а втората бројот на голови со кој е апсолутен рекордер на Вардар.
Комити го скандираа неговото име, а тој ги поздрави играчите со топол и емотивен говор и од срце им го посака кам бекот во прва лига.