Легендарниот чичко Дончо се појави на тренингот на Македонија
Како прв селектор, Андон Дончевски ги удри темелите на репрезентацијата во Крањ со оние 1:4 против Словенија и ја водеше Македонија на 17 натпревари во периодот 1993-1995. На 87 години дојде да ги испочитува момците на Милевски, а инаку живее во Австралија. Капитенот Ристовски му подари дрес.