„Не израдува сите бе синко. Направи една силна репрезентација, ги сплоти сите, имаш големи поздрави од чичко Дончо. Јас стално те храбрев, бидејќи верував во тебе и во твоите способности. Ова искуство што го собра понтаму многу ќе користи и за тебе и за нашата репрезентација. Нè надмина сите затоа што ги сплоти сите играчи и сите играат како еден. Најголема заслуга имаш ти Игоре“, вели во дел од честитките 85 годишниот Чичко Дончо.